Offside

Тотенхем конечно прослави победа после 7 кола во Премиер лига откако синоќа го совлада Ковентри со 3-1. Сите погодоци беа убави, постигнати надвор од шеснаесетникот, а стрелци беа: мајсторот за удари од далечина Џејмс Медисон, Омар Мармуш и Бен Дејвис. На терен конечно се врати Македонецот роден во Шведска, Дејан Кулушевски после речиси две години по тешката повреда. Влезе во 87' минута наместо Кудус и доби овации од трибините.

Пеналите Рома - Ливерпул и римската трагедија

Се навршуваат 34 години од епското финале на Купот на европски шампиони Рома - Ливерпул во Рим кога будалестиот голман на Англичаните Брус Гробелар им се плезел на домашните играчи пред да шутираат. Рим уште не може да го заборави тој пораз.

Во Неапол се продава статуетка од Кулибали

Наполитанците уво не ги боли што денес и утре ќе има Лига на шампиони. Тие веќе два дена уживаат во моментот што успеаа на гости да го тепаат Јуве и да му се приближат на -1. Од херојот кој скокна во 90-та минута веќе може да се купи и статуетка. Инаку на социјалните мрежи е доста забавно после големата победа.

Никола Секулов, сам против сите на мечот Јуве - Торино

Додека уште не ни се средени впечатоците од понеделничките мајстории на Пандев и Барди, имаме нова мајсторија од наш фудбалер. Овој пат од талентираниот Македонец кој е дел од Јуве У-16. Го бркаа четворица на градското дерби, ама никој не го стигна. Мечот заврши 6:1 за Старата Дама.

И за голот на Пандев се искараа

„Мајсторски гол со ретка убавина. Поет“, стои во еден од описите на италијанските медиумите за играта на Пандев, кои за 10 минути игра му ја дадоа највисоката оценка на мечот 8-ка.

Рома ќе има спонзор на дресовите првпат после 5 години

„Новиот стадион којшто ќе почне да се гради годинава и екипата која првпат после 34 години влезе во полуфинале на Лига на шампиони - прекрасно време да се биде навивач на Рома“, вели претседателот Џејмс Палота.

Прав гест: Де Роси и Рома им оддадоа почит на жртвите од Хилсборо

Во пресрет на вечерашното прво полуфинале од Лигата на шампионите, фудбалерите на Рома предводени од капитенот Даниеле Де Роси поставија букет цвеќе во знак на почит на жртвите од трагедијата на навивачите на Ливерпул на стадионот Хилсборо.

Играме 57 меча во сезона, a другите испаѓаат во декември

Масимилијано Алегри кој три години по ред ја освојува титулата со Јуве се изнервира на пресот после поразот од Наполи и им кажа на новинарите дека го загубил трпението поради нив.

Марадона, Тоти и Пандев, тие се

Мајсторските лоб удари како оној синоќа на Гочето, се вистинска реткост во фудбалот. Треба ептен да го осетиш голманот дека е излезен и да процениш дека нема да ја стигне. Ни текна на уште две ремек дела.

Луд гол на Пандев!

Во стилот на најголемите мајстори каков што е и самиот, Горан Пандев ја потврди победата на Џенова од 3:1 против Верона со можеби најубавиот гол во неговата богата кариера.

Чудо на Енес Барди, два гола од слободен против Атлетик

Македонскиот фудбалски репезентативец влезе во историјата на шпанската Примера откако вечерва во само две минути даде два ефектни гола од слободен удар за да му донесе водство на Леванте на тешкото гостување против Атлетик Билбао.

Јак сеир, појак здравје

Победничкиот менталитет, новата енергија, па ниту заушките на Гатузо не помогнаа Милан да не се посрамоти сезонава со Беневенто. И тоа по втор пат, овој пат бетер. Потоа очекувано. Се јавија Балканците.

Зошто играчите во Серија А имаа црвена боја на лицето?

Овој детал викендов не го пропушти никој кој гледаше дуели од Серија А а имаше и такви кои во прв момент помислиле дека нешто не им е во ред со сликата во преносот. Станува збор за кампања.

РК Вардар - машина која не се гаси

Можеби Везув зоврива уште вечерва, можеби утре плата на Балканот ќе биде 2.000 евра, можеби после тоа и Кил ќе го освои Скопје, но една и единствената вистина на овој ден во светот гласи:

Да не верува човек какви хулигани имало во Африка

Ај во Европа знаеме дека постојат багра пијани стоки кои одат на фудбал со цел да ги истресат своите фрустрации. Ама дека во Африка имало така изразен хулиганизам на фудбал не сме верувале.

Си слушнал ли дечко ти за достоинство?

Марко Марин е поранешен репрезентативец на Германија, роден во БиХ и играч на Олимпијакос кој уште не ја научил првата лекција во фудбалот. Судијата треба да ти даде директен црвен и ич око да не му трепне.

Статистичкиот податок кој “го уби“ Јуве

Веројатно најслабиот меч на сезоната, а можеби и во последниве години Јувентус го одигра против Наполи пред своја публика. Статистиката го извади најлошиот податок за актуелниот првак на Италија до сега невиден на нивниот нов стадион.

Тажната сторија за легендата на Рома

Во ера во која бил сакан еднакво како Тоти во нашето време, Агостино Де Бартоломеј важел за принцот на Рим - дете родено во „Вечниот град“ што неизмерно ја сака Рома. За жал завршува неславно, заборавен од многумина кои го воспевале.

Гробарите избркаа специјалци од својот Југ

Навивачите на Партизан за време на синоќешниот меч против Чукарички (2:1) во еден момент тргнаа јуришно кон припадниците на специјалната единица кои беа сместени на нивната трибина и ги избркаа без овие да пружат отпор.

Дајте му пирамида на фараонов

Фудбалерот кој го однесе својот Египет на Светско првенство после повеќе од две децении сосема заслужено е избран за играч број еден во Англија.

Џиџи пак испадна голем

Можеш да го критикуваш, ама не можеш да не го почитуваш. И во најболниот првенствен пораз за неговиот тим оваа сезона им ја честиташе победата на Наполитанците. И тоа ги чекаше сите со се стручен штаб, еден по еден. Људина.

Реакцијата на Наполитанците кога Кулибали ја закова со глава

Ако Наполи успее да го освои Скудетото, вечно ќе се навраќаат на пресвртот на сезоната направен на 22 април 2018-та. Еден нормален нема на 0:1 во 90-та минута. Исто како Светско да освоиле, нема разлика.

Неапол е во транс, 20.000 навивачи го блокираа аеродромот

Секој што ќе ги погледне сцениве ќе помисли дека синоќа се славела титула во италијанското првенство, а тоа беше само победа против Јуве со која сè уште ништо не е решено. Нема поголеми фанатици за фудбал од Наполитанциве.

Што се случуваше во Неапол по триумфот над Јуве?

Градот под Везув и натаму го живее сонот наречен скудето. Го победија Јувентус со гол во 90’ минута и му се приближија на само еден бод на четири кола до крајот.