Евроголот на Пандев против Верона многу потсеќа на оној на Диеро Армандо Марадона, бидејќи и двајцата тргнаа од центар и погодија со левица од иста позиција. Се работи за меч меѓу Црвена Ѕвезда и Барселона, одигран во Белград во 1982-та.
Лобовите беа белег на играта на Франческо Тоти, а еден од најубавите во кариерата ги постигна на римското дерби во 2002-ра, кога Рома го декласираше Лацио со 5:1.
Ќе се памети овој гол на Пандев против Верона. Капитенот на Македонија за 3 месеци полни 35 години, ама не му се познаваат. “Стара“ коска е, а таков ни треба и за Лига на нации.