Offside

Одличниот Фермин Лопез кој е права ѕвезда на Басрса, има убава традиција, после натпреварите во Андалузија да ја бара баба му по трибините со погледот, да пријде и да ја изгушка. Така беше и по натпреварот во Севиља каде Барселона победи 1-3, а Фермин ја гушкаше баба Лоли која живее во селото Ел Кампиљо близу Севиља.

Добро, вие Буфон го испраќавте или Силвестер Сталоне?

Јес да легендарниот Џиџи е мускулест и разбацан ама арт-тимот на навивачите на Јувентус малку претерале кога ја цртале шеталицата со негов лик.

Како Вилијан го покри Конте со емотикони на славеничката слика

Иако соиграчите го избраа за најдобар играч на сезоната, бразилскиот репрезентативец не ужива доверба кај тренерот Антонио Конте и наскоро би можел да замине од „Стемфорд Бриџ“ ако овој остане.

Каков цар е овој Иниеста

Освен што е господар со топката и верен на Барса 22 години, тој е пред сè скромен дечко кој никогаш не игра валкано и не се плетка во инциденти. Погледнете што направи по крајот од неговиот последен меч на Камп Ноу. Значи место тие него, тој лично зема да им се оддолжува на навивачите кои прославија со него 32 трофеи.

Најдобрата банана на Ф4 на Евролига и други врвни потези

Реал Мадрид по јубилеен 10. пат стана европски шампион откако го совлада Фенербахче во финалето на Ф4, но еден момент од полуфиналето против ЦСКА Москва посебно ќе им остане во „сеќавање“. Она кога Вил Клајбурн го излепи Густаво Ајон.

Време ли е Реал да ги освои Евролига и Лига на шампиони во една година?

Пред повеќе од 15.000 гледачи „кралскиот клуб“ ја освои кошаркарската La Décima, го симна Фенербахче од тронот и ја прослави титулата европски шампион во белградската Арена.

Муабет на денот за Буфон “местачот“

А еве како некои кај нас се збогуваа со Буфон. Инаку Јувентус никогаш не играл во трета лига.

На Абрамович не му ја продолжиле британската виза, велат тоа е само почеток

И покрај тоа што британските власти решиле да започнат отворена војна против олигархијата, газда Роман ветил дека нема да го остави Челси и дека буџетот за нови играчи летово ќе биде од 50-70 милиони фунти плус парите од продажба на фудбалери.

Фернандо Торес маестрално испратен на последниот меч за Атлетико

Околу 67.000 верни навивачи на Атлетико Мадрид се поздравија со својот најомилен играч - Ел Нињо Торес кој цели 19 години беше во клубот.

Стефан де Врај излезе голем професионалец

Најспецифичната тренерска одлука во последното коло од Серија А беше онаа на Симоне Инѕаги, кој беше во искушение дали да го стави во игра својот најдобар дефанзивец? Без него слаби во одбрана, со него пенал (веројатно ненамерен) за тимот со кој догодина ќе игра во ЛШ. Холанѓанецот во солзи.

Сеирот на навивачите на Рома за поразот на Лацио

Симоне Инѕаги не успеа да ја круниса сезоната со пласман на Лацио во Лига на шампиони. Во само три-четири минути добија црвен картон, примија два гола и Интер после шест години оди во ЛШ. Тоа беше причина тифозите на Рома да играат мајтап.

Јуве може да биде раат со ваков голман

Џиџи Буфон се збогуваше викендов со Јувентус, а на прес конференцијата кажа дека неговиот заменик вреди исто колку него. Шчесни спремен ли си прв голман на Јуве? Фаќај.

Иниеста и неговиот крај на Камп Ноу во 00:55

Што значи да се врзеш за еден клуб, еден дрес, едни навивачи и еден ист стадион покажува овој неверојатно емотивен момент за Андрес Иниеста. Таму каде што сè започна, синоќа и заврши.

Долго ќе се зборува за оваа измена во 63-та минута

На 19 мај 2018-та заврши авантурата на незаменливиот фудбалски џентлмен. Џиџи Буфон се збогуваше со колегите, противниците и навивачите кои го испратија со солзи. Без некои фудбалски икони едноставно фудбалот нема да биде повеќе ист. Легендиште кое еднаш се раѓа.

Пандев со гол ја заврши сезоната во Серија А

Во натпревар без никакво резултатско значење, Торино ја совлада Џенова на гости со 1:2. Горан Пандев го ублажи поразот на 10 минути до крај и ја заврши сезоната со 5 првенствени погодоци. Останува во Џенова и следна сезона која најверојатно ќе заврши на 12-та позиција.

Парма се врати во Серија А!

Една од најубавите вести на крајот од сезонава е тоа што Парма после три години во пониските лиги и објавата на банкрот, се враќа таму каде што и е место.

На Црвена звезда ѝ се запали автобусот додека славеше титула

На белградските „црвено-бели“ им преседна славјето откако по прекумерна употреба на пиротехника во отворениот автобус направија голем пожар.

10 екипи од Серија А ќе се тресат во последно коло

И покрај тоа што Јуве е шампион на Италија, сепак има уште многу што да се решава во италијанскиот фудбалски шампионат. Како стојат работиве, пола лига ќе игра под притисок за да се избори за своето. ЛШ, ЛЕ и опстанок.

Талентот на Барселона кој поради анксиозност пропушти злато на Европско

Во разговор за Гардијан, најмладиот дебитант во историјата на Барса, стрелец на 900 гола во младинските категории и освојувач на два пехари во Лига на шампиони, ја отвори својата душа.

Тоти до Буфон: Драг Џиџи ние сме толку различни, а сепак исти

Ривали на терен со дресовите на Јуве и Рома, соиграчи во репрезентација, пријатели засекогаш. Франческо му пиша кусо писмо на легендарниот голман во најтешкиот крстопат од неговата кариера.

Како логото на Nike го нацртала студентка на салфетка за 35 долари?

Чудесната приказна за основањето на најпознатиот и најголемиот бренд на сите времиња којшто го знаат и „птиците на гранките“.

За списокот на Јужна Кореја и Саудиска Арабија на СП

На 28 дена до почетокот на Светското првенство во Русија и двете селекции го објавија списокот на повикани фудбалери. На Корејците е конечен, а на Арапите проширен. Мора да признаете дека има неколку изненадувања кои не ги очекувавте ни на сон.

Најдрагите 4:0 на Милан

Зубизарета, Куман, Гвардила, Стоичков, Ромарио против Малдини, Албертини, Тасоти, Бобан, Савичевиќ. Повредени Барези и Костурта. Тренери? Капело vs Кројф. Некои финалиња од ЛШ ќе се раскажуваат и раскажуваат. Ова се играше на 18 мај 1994-та во Атина. Голот на Дејо за аналите. Потоп.

Буфон: „Сестра ми има Лига на шампиони, јас немам“

The Players Tribune одново изненади, овојпат со екстра интервју со Буфон кого го испрашува стоперот на Барселона и Шпанија.