
Ако последното коло од ланската сезона во Серија А мина во знакот на величеството исраќање на Франческо Тоти во пензија, овој пат нешто слично и ќе биде и со збогувањето меѓу Буфон и Јувентус кој сè уште нема решено што понатаму.
Откако големиот Џиџи во сабота вечер ќе се збогува со навивачите, следниот ден почнува интересното каде освен емоции, ќе има и многу ровање.
Натпреварите Јувентус - Верона, Џенова - Торино и Сасуоло - Рома се единствените кои ќе се играат релаксирано, а на сите останато ќе има набој и нервоза. Одиме со ред:
1. Лацио и Интер на Олимпико во Рим ќе водат битка вредна Лига на шампиони. За гостите единствениот поволен резултат е победа бидејќи во тој случај би се израмниле со Лацио по број на бодови и би завршие четврти поради подобриот меѓусебен дуел. Во Милано беше 0:0.
2. На една од екипите меѓу Лацио и Интер која ќе оди во Лига Европа, ќе им се приклучи шестопласираната директно, а седмопласираната ќе игра квалификации. За тие две места конкурираат три екипи. Милан веќе има обезбедено квалификации, но посакува да остане шести, бидејќи во спротивно ќе треба да игра три квалификациски кола и да ги менува летните планови кој може да им ги расипе Фиорентина во директен дуел. Тука ќе зависи и што ќе направи Аталанта на гости кај Каљари кој инаку се бори за опстанок.
3. А пак за опстанок во битка ќе влезат пет екипи: Киево, Удинезе, Каљари, Спал и Кротоне. Во најнеповолна ситуација е Кротоне кој му гостува на Наполи, бидејќи со оглед на позицијата на која што се наоѓа и со 3 бода може да стане второлигаш.
Ете вака од прилика стојат работите во последното коло во Серија А. И после некој ќе рече италијанското не било интересно, немало драж, а тоа клање до крај.
Сабота
Јувентус - Верона 15:00
Недела
Џенова - Торино 15:00
Милан - Фиорентина (И двете екипи за ЛЕ) 18:00
Каљари - Аталанта (Каљари за опстанок, Аталанта за ЛЕ) 18:00
Киево - Беневенто (Киево за опстанок) 18:00
СПАЛ - Сампдорија (СПАЛ за опстанок) 18:00
Наполи - Кротоне (Кротоне за опстанок) 18:00
Удинезе - Болоња (Удинезе за опстанок) 18:00
Лацио - Интер (И двете екипи за ЛШ) 20:45
Сасуоло - Рома 20:45
