Како Вилијан го покри Конте со емотикони на славеничката слика

Иако соиграчите го избраа за најдобар играч на сезоната, бразилскиот репрезентативец не ужива доверба кај тренерот Антонио Конте и наскоро би можел да замине од „Стемфорд Бриџ“ ако овој остане.

Во саботата на „Вембли“ Челси го победи Манчестер Јунајтед и го освои ФА Купот. Бразилецот влезе од клупата во судиското продолжение а после го покрил Конте на шампионската фотографија на Инстаграм.

Еве како изгледа оригиналот па најдете ја разликата:

Ова не е прво јавно објавување на конфликтот на бразилскиот репрезентативец со својот тренер. Неодамна за време на едно интервју за ESPN Brazil на прашање за односот со Конте, Вилијан се насмеал и одговорил: „Ти стварно сакаш да ти раскажам за тоа“?

Фудбалерите на Челси го прогласија Вилијан за најдобар играч сезонава иако Бразилецот немаше стандардно место во првиот тим: од старт почна 20 меча а дури 16 пати влегуваше од клупа во Премиер лигата. Имаше 4 старта во ЛШ но и 4 пати го ставаа како измена.

Минатата сезона беше слична - Конте никогаш не гледаше лидер во Вилијан поради што одличниот Бразилец бил замерен со Италијанецот.

За разлика од Конте, кај Мурињо Вилијан играше многу повеќе а во сезоната 2015/2016 го прогласија за најдобар во екипата. Одамна има шпекулации дека Мурињо го сака во Манчестер летово а ако Конте остане во Челси тогаш Жозе има големи шанси да потпише со Вилијан.