Тоти до Буфон: Драг Џиџи ние сме толку различни, а сепак исти

Ривали на терен со дресовите на Јуве и Рома, соиграчи во репрезентација, пријатели засекогаш. Франческо му пиша кусо писмо на легендарниот голман во најтешкиот крстопат од неговата кариера.

Отсекогаш сум се наоѓал во улогата во која што си ти сега: јас кој тврдоглаво не можев да се одлепам од мојот дрес, ти кој секогаш се обидуваше да ми ја пренесеш твојата рационалност.
 
За мене беше тешко, понекогаш вознемирувачки да го затворам кругот. Сега кога го соопшти твојот збогум во Јувентус драг Џиџи, повторно ми се вратија чувствата како пред 12 месеци.
 
Не можам да ти кажам како ќе се чувствуваш утре на твојот стадион, ниту можам да ти кажам што ќе ти пројде низ глава во следните часови, кога ќе одлучиш дали да одиш напред или да престанеш. Секој си го обработува тоа во мозокот на свој начин.
 
Но сигурен сум дека во овие денови ќе ти се случи да ја премоташ лентата од твојата кариера. И убаво е да се помисли дека во нашите филмови имавме и двајцата еден ист дел.
 
 
Се сретнавме како деца, лека полека станавме капитени и луѓе. Го браневме истиот дрес, тој синиот и се боревме и за друг, јас за црвено жолтиот, ти за црно белиот.
 
Се борам да ти ги пишам работите со некој ред, но тоа што излегува од умот е навистина огромно.
 
Гледам мундијалски ноќи, пехарот над небото во Берлин, нашите прегратки. Ми се мешаат некои мои удари со кои те совладав и некои твои паради од кои можеше да ме поштедиш.
 
И ќе ти кажам благодарам за тоа што ми беше противник и соиграч, таков каков што ми беше.
 
П.С. Ако следниве денови имаш потреба од некој совет, сврти ми, за тебе сум секогаш тука.
 
Франческо Тоти
18 мај 2018 - 14:41