Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Личните успеси на Роналдо ги пишува на плоштадот во Торино

Монотонијата со споменици, стари градби и други разни знаменитости во центарот на Торино е разбиена со еден подолг спортски информативен текст на тема фудбал. Се работи за рекордите и успесите на Кристијано Роналдо за кои туристите не мора да гуглаат.

Најголемиот херој од Охридското езеро

Се вика Марко, има 12 години и кога ќе чуете што ќе прави следниот вторник ќе ви биде глупо ако сте од тие кои се бањаат само во плитко и играат одбојка во вода.

Од кај им тоа на пилотите во Формула 1 да се прскаат со шампанско?

Традицијата е стара речиси 50-ина години а првпат полевање со шампањ се случило сосема спонтано поради тоа што шишињата ги оставиле на силно сонце.

Врвна тренинг вежба во Реал Мадрид

Од страна можеби изгледа како „тешкото“ кое играчите на актуелниот европски првак брзо го совладаа.

Гости без усул

Невообичаен резултатски приказ од шведскиот фудбал со најлошите домаќини или најјаките гости на едно место, како сакате. 

Една овца научила да шутира со глава

Сме виделе куче да пробува да трча по топка без некоја посебна дарба за фудбал, ама овцава комотно може да игра центарфор во некој скромен клуб.

Мајсторски гол на Розенборг против Шкендија

Ќе речеш Норвежани се, не може да бидат ништо посебно во фудбал, ама сепак се многу понапред од нас. Тоа лани го осети на своја кожа Вардар, а синоќа и Шкендија која загуби со идентични 3:1. Исам Џебали од Тунис го даде најатрактивниот гол на мечот, а можеби и на вечерта во плејоф средбите од ЛЕ.

Малиот кој остана без другари на фудбал

Колку и да ти фали човек за фудбал, некако не ти дава душа пак да го викнеш него. Другарството е најбитно нели? Исто и јајцата. 

На пролет играл во селска лига за 400 евра, а сега игра за Хановер во Бундеслига

Дефинитивно е така. Што може фудбалот ништо не може. Вакви приказни се добар штимунг за игран филм.

Погба vs Брајтон е еднакво на очај

За играч од типот на Пол Сколс во Јунајтед се велеше дека може нема секогаш да блеска, ама нема никогаш да промаши натпревар. Кај неговиот наследник или обид за наследник, работава излезе обратно. Во Јуве беше главна карика, а на Олд Трафорд е како изгубен. Музиката на Бени Хил совршено прилега на овој нејасно ужасен настап против Брајтон. Мизерија.

Платите во Јуве пред и со Роналдо

За да можеш да си го дозволиш Кристијано Роналдо не ти се доволни само 100 и кусур милиони за трансфер, туку уште плус многу пари за да му ја дадеш астрономската плата што ја бара, а истовремено никој да не се буни во тим.

Најјака завршница на едно градско дерби на Манчестер

На 12 октомври минатата година се одигра дуелот меѓу Јунајтед и Сити, двата гиганти од Манчестер. Победија гостите 1-2 а пред крајот од мечот ги излудеа домашните фудбалери и навивачи.

Амстердам живее за Ајакс

По неколку години безуспешно лутање и рано испаѓање во еврокуповите, четирикратниот европски шампион изгледа дека е на прав пат да се врати во елитната Лига на шампиони. Го совладаа Динамо Киев со 3-1 во првиот меч од плејофот а навивачите направија феноменална атмосфера.

Како Глазгов Ренџерс се врати од пеколот?

Спасот на Ренџерс не е чудо, туку пример за тоа како некои прави вредности во фудбалот на крајот победуваат. Шкотскиот клуб вечерва во првиот меч од плејофот за Лига Европа ќе игра против рускиот клуб УФА на својот „Ајброкс“ со цел да се врати во еврокуповите.

Најубавите голови во кариерата на Пеле

Еден од најголемите во историјата, Бразилецот кој го добил прекарот „О’Реј“ (кралот) не постигнал гол после кој со денови се раскажувало за него. Едноставно роден мајстор за фудбал. Генијалец.

Сторија за убиената сестра на Серена и Венус Вилијамс чиј убиец го ослободиле

Минатата недела во реномираниот весник Time излегла голема статија за Серена. Меѓу разните теми за кои се пишувало биле традиционалните - за нејзиното тешко пораѓање и мајчинство, за враќање во тенисот и воопшто тешкиот живот на Американката, се појавила и една нова.

Турски к`смет на денот

Бешикташ - Самсунспор, 1995-та година. Овде не знае човек што е почудно: Голманската среќа, звукот од стативата или второто промашување?

Роналдо ја почнал кариерата со груб менаџер, а потоа Мендеш го зел под свое

„Неговата биографија треба да се вика Milagrero Жорже Мендеш“, рекол Кристијано Роналдо за неговиот најдобар пријател и менаџер Жорже Мендеш. Milagrero во превод значи чудотворец.

Кај Лозано има само од прва

Се сеќавате ли Германија како го стартуваше летово Мундијалот? Со пораз од Мексико 1:0, стрелец Ирвинг Лозано. 22 годишниот Мексиканец синоќа постигна убав гол за својот ПСВ кој славеше над БАТЕ Борисов со 2:3 во плејофот од ЛШ. 

Дрес на шпански четвртолигаш со карма-диџеј

Пења Депортива е клуб од шпанското фудбалско подземје кој ќе игра со екстравагантна опрема во новата сезона. На нивните дресови е дизајниран Буда како диџеј а околу него толпа која танцува.

Лацио ќе биде казнет за флаерите против жени во први редови

Италијанската јавност веќе неколку дена бурно реагира на содржината на флаерите кои во саботата вечер пред мечот Лацио - Наполи се појавија на северната трибина, а Лацио го чека казна од сојузот.

За камерманот обавезно да има медал

На едниов му е работа само да снима, а на другиов да биде брз. Е сега тука е јакото што тој што снима е Болт втор дел. Со камера на рамо бе стигна пред него.

Фотографијата која го надминува фудбалското ривалство

По големото нетрпение и помпа за Роналдо, Серија А во саботата ги запали моторите во новата сезона 2018/2019. Но со две одложени средби, а според дел од јавноста требаше да се одложат сите, како што беше за Астори.

Диети, забрани за телефони - како ќе изгледа новиот Баерн на Нико Ковач?

Нико Ковач успеал да смени многу работи во тренинг базата на германскиот шампион и играчите се навикнале на неговите методи.