Offside

Барселона го згроми Бетис со 2-5 во 9. коло од Ла Лига и делува страшно по ривалите. Барса ја запиша 9-та победа по ред во Ла Лига односно 11-та победа од почеток на сезоната. Немаат пораз ни нерешено досега.

Голот кој нема никогаш да се повтори во Ајакс

Иако до денеска поминаа веќе 14 години, ова е гол што не се брише од меморија. За гледачите на Еуроспорт тоа беше гол на годината, а за Ајакс најубав во историјата на клубот. Тогаш 22 годишниот Златан го постигна на 22 август, а на 31-ви потпиша за Јуве. Безвременско ремек дело на кое вреди да му се одбележува датумот на постигнување, секоја година.

Се кладиш на трки со кучиња и ти застануваат на сред трка

Па нема билтен, нема допуна, нема правило за вакво нешто. На каса што ќе ти кажат? -Мајсторе, не е до нас.

Гест со кој Тевез му го направи денот на дете со Даунов синдром

Додека со соиграчите се симнуваше кон соблекувалните на стадионот на Бока Јуниорс, Карлос Тевез забележа едно детенце со Даунов синдром како му мафта. Следуваше мал гест со кој го направи малиот среќен.

Бербатов ги коментираше своите најдраги голови

Легендарниот бугарски центарфор кој се изнадава голови за Баер Леверкузен, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Фулам, Монако и ПАОК, сега во едно интересно издание на УЕФА ги анализира своите погодоци.

Кога ќе прославиш гол, а нема да го признаат

Режисерот на мечот Венло - Ајакс на трибините на стадионот забележа комичен момент. Кога шпицот на Венло Самуелсен постигна гол, еден навивач ги тролаше другарите навивачи на Ајакс, но набрзо судијата го поништи со прегледување на ВАР и следуваше интересна реакција:

Атлетико Мадрид и сезонава ќе ја наруши дуалноста во Шпанија

Победата на „јорганџиите“ над Реал во Суперкупот на УЕФА му покажа на светот дека денешниот Атлетико Мадрид нема да биде само трета сила поред во шпанскиот фудбал, туку сериозно ќе се бори за шампионската титула во сезоната 2018/2019.

Чудната фризура на играч на Тулуз стана хит во Струга

На 46. Меѓународен турнир во Струга, кој важи за еден од посилните пред почетокот на сезоната во Европа, францускиот Тулуз го освои третото место, ама ќе ги паметиме по фризурата на Роман Жирондо кој е дебитант во екипата. А за дебитантите по традиција има топло добредојде со нова фризура која ја бираат соиграчите.

Тренер во Бугарија дели шамарници

Тренерот на Кариана Едрен, клуб од втората бугарска лига, Атанас Џамбазки збесна на последниот меч на неговата екипа која изгуби 2-1 од Струмска Слава и му се пушти на судијата Ивајло Ненков кој не им досудил пенал. Притоа дебелиот крај го изеде и фудбалерот Ѓорѓи Великов кој проба да го одбрани судијата.

Маркетингот на Рома е многу, многу јак

Просто и да не си навивач на овој италијански тим, луѓето кои им ги водат официјалните профили на социјалните мрежи прават да се смееш и на шеги на сметка на твојот омилен клуб.

На факултет за фудбалска економија, Мончи треба да држи катедра

Додека многу клубови работат „на слепо“ и носат играчи за кои новинарите пишуваат бајки, Рамон Родригез Вердехо попознат како Мончи има цела стручна методологија на работа пред да потпише со еден фудбалер и да го презентира во јавноста.

Добрина на колото

Феенорд ги поканил децата од детската болница „Софија“ во Ротердам да бидат гости на мечот со Ексцелзиор. Гостинските навивачи во еден момент од секторот кој се наоѓал над местата каде седеле децата фрлиле стотици плишани мечиња.

Игра Лидс како Барса

Три кола, три победи, девет бода. Почетокот на сезоната на Лидс Јунајтед под воство на Марсело Биелса е неверојатен. Дадоа девет гола а примија само два. Ветеранот го препороди клубот за кој игра нашиот Езџан Алиоски.

Тренерот на Челси до 40 години работел во банка па напуштил за Серија Д

„Го знам јас него, уште од првиот ден кога дојде овде заедно работиме. Тој нема да отстапи од животниот сон да стане професионален фудбалски тренер“, рекол колега на Маурицио од банкарските денови. И погодил.

Гол за кој викаат дека двајца голмани не го бранат

ЛАСК Линц со 2-1 го совлада Рапид Виена а првиот гол за домаќините кој го даде Рамсебнер беше преубав.

Ѓоковиќ стана прв во историјата што ги освоил сите Мастерси

Српскиот тенисер конечно по пет обиди успеа да го освои Мастерсот во Синсинати, откако со 6:4, 6:4 го совлада Роџер Федерер и направи неверојатен подвиг со кој уште повеќе ја засили дебатата кој е најголем на сите времиња.

Тифозите на Лацио не пуштаат жени во првите редови

На отворањето на Серија А, во првото коло Лацио изгуби дома 1-2 од Наполи во меч на кој Чиро Имобиле даде прекрасен гол, а навивачите на северната трибина ги дочекаа чудни флаери.

Фудбалер не можел да ја извади бурмата па не влезе во игра

Невестата одбрала помал прстен па нејзиниот сопруг тоа го чинеше настап на големото дерби во унгарската лига. Убаво викаат остај го дома.

Како изгледаше дебито на Кристијано Роналдо за Јувентус?

33-годишниот Португалец одигра 90 минути како најистурен напаѓач на Јуве на гостувањето во Верона против Киево.

Тренерот на Селта се излажа

Аргентинецот Антонио Мохамед од сезонава го води тимот од Виго кој синоќа ремизираше 1-1 против Еспањол. Тренерот носеше наочари за сонце што е права реткост покрај аут линијата, а во еден момент сфати дека не му требаат.

Италијанско ќе биде убаво за гледање од многу причини

Како ретко кога вљубениците во италијанскиот фудбал имаат многу адути за на маса кога ќе дискутираат со оние кои, додуше со право, слепо им веруваат само на Премиер лига и шпанска Примера.

Ќе да е до ветерот или до голманот, нема трето

Во Купот на Мексико, Тигрес со 5-1 го победил Атлетико Сан Луис, а вториот гол на мечот кој го даде Хавиер Акињо изгледаше чудно.

Кога еден судија реши да му команда на Златан

Имаат они правила, начин на однесување, мора да се строги, стриктни и ригорозни. Ама кај можат со него.

Фудбалерот кого топката најмногу го слушаше

Дресот на Реал го носеа и го носат неверојатни мајстори, ама еден играше стварно прекрасен фудбал за око.

Тренер со cojones кој распали на прес конференција

Густаво Појет, некогашниот фудбалер на Челси и Тотенхем, во јануари годинава стана тренер на француски Бордо. И го водеше клубот до утрово кога управата реши да го избрка по бурната прес конференција после мечот од квалификациите за Лига Европа против Мариупол.