Фотографијата која го надминува фудбалското ривалство

По големото нетрпение и помпа за Роналдо, Серија А во саботата ги запали моторите во новата сезона 2018/2019. Но со две одложени средби, а според дел од јавноста требаше да се одложат сите, како што беше за Астори.

На левата страна од фотката стои навивач на Џенова, а од десната на Сампдорија. Застанати еден до друг и прегрнати, нешто што тешко може да се види во реалноста. Се работи за навивачи на две екипи од ист град кој го снајде голема трагедија.
 
Оваа слика го фрла во втор план нивното градско ривалство и желбата за играње фудбал во денови кои ја потресоа Џенова. На 14 август околу 12 часот на пладне, се сруши мостот Моранди од кој паднаа 30 коли и загинаа 42 луѓе.
 
Четири дена подоцна стартуваше првото коло од Серија А без средбите Милан - Џенова и Сампдорија - Фиорентина. Токму тогаш беше прогласен ден на жалост, а се одржа и погребот на жртвите од несреќата.
 
Но и покрај тоа, Италијанската фудбалска федерација остана на своето и не го одложи колото, туку објави фотографија на Инстаграм со Џеко насмеан на која пишува: „Кога сфаќаш дека е вистина, за неколку часа почнува Серија А“.
 
 
Горан Пандев пак на Инстаграм напиша: „Во овој ден со голема болка, Џенова е повеќе од никогаш во моето срце“.
 
 
Навивачите кои сметаа дека поради почит кон жртвите не треба да се игра фудбал во тој викенд, на социјалните мрежи реагираа со коментари:
„Италија за оваа трагедија не се обедини како за смртта на капитенот на Фиорентина кога беше одложено цело коло“.
 
„Зарем една фудбалска жртва вреди повеќе од 42“?
 
„Ова е национална трагедија и тага, само пари ве интересираат, а згора на се мислите на фудбал во ден на жалост во цела земја“.
 
„Дебито на Кристијано Роналдо е поважно од болката“.
22 август 2018 - 13:36