Во потпис на скандалозниот флаер стои прекарот на лидерот на групата Иридучибили, Дијаболик кој на нападите одговори дека и тој самиот „не би се чуствувал пријатно во просторија за класични танци преполна со жени, а во првите редови на трибината треба да стојат оние кои жртвуваат сè за и имаат пријави и казни за Лацио во текот на целата сезона.“
Италијанската фудбалска федерација соопшти дека Лацио ќе биде казнет за тоа што најжестоката група се обидела да ги тргне жените и девојките погоре од десеттиот ред на северната трибина.
За тифозите на Лацио тој дел бил „свето место“ на нивната трибина.
Генералниот секретар на италијанската фудбалска федерација Микеле Ува, кој е и потпретседател на УЕФА рекол дека сигурно ќе има дисциплински последици за инцидентот на мечот со кој Лацио ја отвори сезоната во Серија А.
Клубот и официјално се огради од последниот инцидент на дискриминација, но капитенот на женската репрезентација на Италија Каролина Мораче вели дека за таквиот повик на навивачите нема оправдание:
„Се вративме назад во Среден век. Се надевам дека овие луѓе ќе бидат исфлрени од стадионот.“
Портпаролот на римската полиција за Ројтерс рекол дека нивни детективи веќе идентификувале двајца осомничени за кои судот ќе одлучи дали да покрене постапка за кршење на законите против дискриминација во земјата.