Платите во Јуве пред и со Роналдо

За да можеш да си го дозволиш Кристијано Роналдо не ти се доволни само 100 и кусур милиони за трансфер, туку уште плус многу пари за да му ја дадеш астрономската плата што ја бара, а истовремено никој да не се буни во тим.

Со број 1 трансферот ова лето во Италија се променија многу работи и допрва се очекува да се менуваат.
 
Скај Спорт на првиот меч на Јуве забележа историски рекорд на гледаност од 2,3 милиони гледачи, Киево собра повеќе публика, а со тоа и повеќе пари од карти, Јуве продаде половина милион дресови од Роналдо за еден ден и забележа огромен раст на популарност на социјалните мрежи...
 
Како тргнаа работите, а помина само едно коло, ќе има уште многу што да се менува на таа тема. Влијанието на Роналдо е огромно, но тоа сепак не може да биде пресудно на сите полиња.
 
И пред и по Роналдо, италијанскиот шампион не ги поместува платите на играчите и единствениот фудбалер кој бележи скок во примањата е Миралем Пјаниќ. Лани играше за 8,3, а сезонава за 12 милиони евра.
 
На овој приказ може да се забележи дека Јувентус успеа да купи суперѕвезда која заедно со Меси го поместуваат границите во фудбалот во секој поглед и играчи и финансиски.
 
Зборуваа дека годишната плата во Јуве ќе му изнесува 30 милиони евра, а овде стои 55, па ќе претпоставиме дека тука се работи за бруто плата и дополнителни бонуси.
 
Роналдо заработува повеќе од голманите заедно, цела одбрана, среден ред и напад, а со неговиот ангажман буџетот на клубот за плати изнесува 42 милиони евра повеќе од минатата сезона.
 
Што моќ ќе имаше овој човек кој успеа да направи разлики кои до пред некое време беа незамисливи во фудбалот. Рано е за математики, дали ќе им се исплати.

23 август 2018 - 14:15