Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Меси vs Јуве во слободни удари

Внимавајте на податоков. Лионел Меси во последниве четири години постигнал 18 голови од слободен удар. Само еден тим ја има таа бројка во истиот период од топ 5 лигите, а тоа е Јувентус, но со шест изведувачи. Барса синоќа го декласираше Еспањол на гости со 0:4, а Меси имаше не едно, туку две ремек дела од прекин. Гениј.

Кај нема да го посееш таму ќе никне

Прво ја губи топката, па му се сипува на Стерлинг како оса и му ја зема. Потоа на другата половина од теренот пак се случува некоја брканица во која пак и пак победник излегува Канте. Сето ова во 10 секунди. И после како да не му продолжил договор.

Лудачки слободен удар на Коларов

Како старее сè повеќе му зрее тоа левицата. Александар Коларов има 33 години, а на таа возраст ни Синиша Михајловиќ не ги изведуваше вака слободните удари. Заслужи аплаузи и од навивачите на Каљари за ова ремек дело.

Дуото на Македонија го однесе Палермо на челна позиција

Кога Нестогол и Алекс играат во прв тим, одма е друго. Палермо освојува бодови на гости кои го носат на лидерското место и тоа со натпревар помалку.

По што го препознале напаѓачот на автобусот на Бока во Буенос Аирес

Извесен Мартин Фирпо е човекот кој фрла голем камен кон автобусот на Бока Јуниорс при што неколку фудбалери се повредени од скршените стакла. Полицијата го препознала и го уапсила, а тој изјавил дека се кае за тоа што го направил затоа што не размислувал во моментот на афект и адреналин.

А голманката кој ја врти а?

Лош, многу лош анти фер плеј потег во австралискиот женски фудбал. Па уште се прави наивна, демек сè си е ок, нема ништо спорно.

Како изгледаа Шек, Кајри Ирвинг и други НБА ѕвезди во филмот Uncle Drew

Без многу голема помпа филмот во кој играат едни од најголемите легенди од НБА „си вози“ ширум Америка и Канада. Во Европа не постигна значаен успех но вреди да се изгледа. Од неколку причини вреди.

Матрикс со одлично второ полувреме до победа над L.C. Waikiki

Алкалоид и Матрикс славеа победи во последниот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Макпетрол и ЈСП одиграа без победник.

Пази ова: Навивач на Свиндон не пропуштил натпревар од 1981-ва година

Јунакот на приказнава се вика Дерек Елстон. Последен пат пропуштил натпревар на неговиот Свиндон на 5 декември 1981 година. Дали врнело, дали било топло, дали се оперирал или немал пари за бензин - ништо не го спречувало да патува за омилениот тим.

По колку кила кревал Хавиер Занети на нозе во теретана

За челичните бутови на легендата на Интер, не знае само оној што не прател фудбал. Тие му беа заштитен знак и со нив се движеше и пробиваше како товарен воз кој немаше човек кој можеше да го сопре. Си вежбал човекот.

Не само Барса, и Реал извади голобради таленти

Новиот тренер на Реал, Сантијаго Солари одлично ги познава децата од академијата на клубот затоа што неколку сезони ги водеше во Кастиља. За реваншот од Купот на Шпанија против анонимната Мелиља (6:1), Солари реши да одмори неколку првотимци и да им даде шанса на најмладите.

Видео од кое ќе ве здоболи глава

Ова е едно од оние видеа на кои тешко е да се даде опис и уште потешко е да се разберат. Нејсе, битно него да му е добро, а личи дека е така.

Дресовите во кои Барселона ќе игра следната сезона

Мешавина меѓу иновација и традиција - Каталонската гордост следната сезона ќе носи нови дресови кои донесоа различни коментари по социјалните мрежи.

Несмасен судија на денот

Натпреварот меѓу Жалгирис и Олимпијакос во рамките на Евролигата донесе една комична ситуација. Судијата успеа да го фаулира тренерот на гостите и тоа го спружи на земја.

Анегдотата на Вујо мајсторе кога играл за Барса

Веселин Вујовиќ е прочуено ракометно тренерско име кое во Македонија најмногу го знаеме по две нешта: темпераментот и нераскинливата врска со Комити. Во него има и уште нешто будалесто, за кое и самиот е свесен.

АС: Реал Мадрид сериозно заинтересиран за Елиф Елмас

Реномираниот шпански АС, се повикува на македонскиот портал Скопје24 и на насловната страна на својот сајт објавува занимлива вест.

Асистенцијата на скорешниот италијански премиер Ренци

Матео Ренци пред неколку години важеше за еден од подобрите градоначалници на Фиренца, а подоцна стана најмладиот премиер во историјата на Италија. Денес е лидер на политичка партија и одвреме-навреме игра фудбал со сопартијците. Ама добро игра.

Многу брутална шега на сметка на Рома

Твитерџијата на Рома е број 1 за хумор, сатира и сè што спаѓа во мајтап и реметење. Но овој пат доби тешка задача, а тоа е да одговори на овој тежок трол.

Пеналот на тајландскиот Роберто Баџо

Азиското фудбалско првенство 2018 донесе голем интерес на овој континент. Преполни стадиони, многу голови, акции, шанси. Синоќа во реваншот од полуфиналето играа Тајланд и Малезија. Првиот меч завршил 0-0 а реваншот 2-2. Во 95’ минута од мечот, најдобриот стрелец и играч на целиот шампионат, Тајланѓанецот Адисак Краисорн (8 постигнати гола), добива пенал да ја однесе својата земја во финале.

Не кажувајте дека ви е ладно на стадион после бабава

Србите имаат сличен проблем како нас во однос на култура на одење на стадион. Чекаат настап во Европа за да ги фати еуфорија, а во првенство да ги молиш не одат, па макар и гратис пиво им следувало со картата од 100че. Една навивачка на Партизан ги посрамоти Гробарите.

Најголемиот татин син кој со врски заигра во Лига на шампиони

Навивачите на Локомотив Москва веќе му посветија еден ироничен standing ovation во моментот кога дебитираше во Лигата на шампионите против Галатасарај. За се бил заслужен татко му кој е гигант во Русија и близок пријател на Путин.

Екипата на Еуро Табак со судискиот свиреж до победа над Џонсон Мети

Екипите на Рамстор и Еуро Табак славеа победа во третиот ден од 11. коло во Бизнис лигата на Македонија, а Пекабеско и Уни Банка одиграа без победник.

За Барса заигра и малиот вундеркинд Рики Пуч

Додека Меси и Суарез беа на трибини со синовите, на теренот Барселона со 4-1 ја совлада Леонеса во шпанскиот Копа дел Реј и се пласираше во осминафиналето. Моменти за одбележување се трите асистенции на Иван Ракитиќ, двата гола на Денис Суарез и дебито со асистенција на Рики Пуч (19) кој влезе во 55’ минута место Бускетц (Ориол не Серџио).