Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Индија, рекламна

Индијска реклама за храна изгледа бааги различно од нашиве. Или се тие многу понапред отидени или само живеат во земја во која адвертајзинг сценаристите слободно се хранат со интересни печурки.

Назад во Батаклан

Да се вратиме таму за да ги растераме лошите духови кои деновиве го изведоа нивниот одвратен danse macabre во салата што датира од 1860-та година. Батаклан, 1972-ра година, Велвет и Нико ја изведуваат "Femme Fatale". Јер само на жените им е дозволено да бидат фатални.

Најважниот состанок на Г-20 самитот

Мерка за сериозност на ситуацијата во саботата: на сепаре до шанк, Путин и Обама разговараат за време на пауза на Г-20 самитот. Посебно интересно околу фотографијата, како е направена.

Статистика на стравот

Студентка муслиманка поставува прашање зошто се сее страв од Исламот кога огромното мнозинство верници се мирољубиви и фиљан луѓе. Добива одговор кој Бил Мар веднаш би го потпишал.

Тапа ви-фи

Да ти е тапа ви-фито е една работа. А тапата да ви е ви-фи е сосема друга.

"Јас сум бебето"

Приказна за човечноста и за тоа како, иако некогаш бавно, добрината умее да се врати. 

Трактор за рурални хипстери

Трактор кој на себе го носи култниот дизајнерски потпис на Пининфарина. Да се прошетате со овој убавец на потегот Јосифово - Пирава, знаете ли колку моми попат ќе ожнеете?

Писмената која доби петка

Веројатно заради тој црн (страшен) рапитограф, не знам што да напишам па затоа наместо со овој црн рапитограф, ќе пишувам со бел.....

Би го абортирале ли Хитлер?

Наспроти сите јади и беди по светов чие покривање би требало да им се во описот на работата, на CNN се разви дебата дали би го абортирале бебето Хитлер. Старата дилема ја актуелизираше републиканскиот кандидат за претседател Бен Карсон, хард-кор евангелист и конзервативец (оној кој тврдеше дека египетските пирамиди се силоси за жито).

Сестричка на денот

Малата има ваков предлог: да го продадат братчето во продавница за домашни миленичиња, со дел од парите таа ќе си ја купи омилената играчка а после ќе го откупат братчето по пониска цена, на попуст. Мора да признаете дека во планот нема ниедна фалинка.

Колку сте стари според рефлексот за кочење?

Ајде на општонародно тестирање: кога ќе го видите знакот, треба да закочите што побргу! Користете маус или спејс. Вашиот резултат ќе ви открие на колку години се вашите рефлекси.

Во ритамот на плајвазот

Сè што треба да имате за да звучите вака е другар и четири пенкала.Ок, не мора да ви е баш другар.

Штитник за мустаќи

Јер мовембар па ќе почнат сите да ги пуштаат, да видиме еден стар но обновен изум кој помага да не се гледа баш сè што јадел и пиел гордиот и освестен носител на мустаќ.

Тежината на ланците

"Кој не слуша песна, ќе слуша олуја" - Горан Бреговиќ

Неколку муабети

Еден глас, премногу ликови, повеќе добри дијалози од цела сезона домашни обиди за комедија. Еден од подобрите и автентични Јутјуб канали што излегол од Балканиве во последно време.

Боље скејт него хејт

Од ниво труп до ниво кикфлип. Време за увежбање на финтата: 5 часа и 47 минути. Што паметно ќе научиме ние во нашите следни 6 саати?

Така нè учеше Карл Саган

Да беше жив, Карл Саган денеска ќе наполнеше 81 година.

Време на ѕидови

На 9-ти ноември 1989-та година започна рушењето на Берлинскиот ѕид. Имаме еден фин гиф за потсетување, 26 години подоцна, кога некои идеи за ѕидови повторно се враќаат на историската клацкалка.

Никогаш не купувајте ефтин Ајпад

Нè потсети на "Кинески писма на читатели". Овојпат од некаде е нарачан Ајпад, за смешни пари. А главната смешка е кога ќе го чуете звукот на крајот од видеото. Јас Ајпад купувам или канти тропаат?

Ја реши

Стендап комичар кој во четири збора замолче девојка која реши да му уфрли ремет среде точка.

Животот не е Фејсбук

Како изгледа кога во вистинскиот живот ќе решиш да ги примениш правилата на Фејсбук.

Се оствари пророштвото на Рамбо

Толкав број луѓе имаат желба јавно да се изразат, што стана подобро платено да ги слушаш отколку да им свириш.

Како баба ви кога ве хранеше

Дечково има многу чудна работа. Ако ви кажеме дека птиците ги храни преку својата уста, можете да помислите на некоја нежна сцена меѓу човек и неговите птици. А не е....Отприлика онака како што бабите замислуваат дека внуците треба да јадат.