Би го абортирале ли Хитлер?

Наспроти сите јади и беди по светов чие покривање би требало да им се во описот на работата, на CNN се разви дебата дали би го абортирале бебето Хитлер. Старата дилема ја актуелизираше републиканскиот кандидат за претседател Бен Карсон, хард-кор евангелист и конзервативец (оној кој тврдеше дека египетските пирамиди се силоси за жито).

Иако дилемата можеби ви се чини лесно решлива, замислете да го елиминирате малиот Адолф и заради тој ваш 'хуман гест',  наместо него на чело на Германија во 30-тите години да дојде некој уште поголем гад.

Или замислете дека на шанк седите до човек чиј наследник за едно 2.000 години ќе ја уништи човечката раса...

За останатите епистемолошки и морални проблеми на оваа тема, читнете тука

12 ноември 2015 - 14:28