Кинески писма на читатели

Здраво Трендо,
Eден мој пријател само што се врати од Кина од каде што си купил екстерен диск Western Digital и тоа 2TB.

Имал проблеми со форматирање, па случјно ми го донесе да го видам. После еден ден заебавање, Low Level Format, партиционирање и сл., на крај решив да го отворам да проверам што е проблемот.

Место 2 ТБ, најдов уредно средени два штрафа со намотки :и некоја мала електроника.

1 штраф = 1 ТБ. :-)))

Не можам да престанам да се смејам и морав да го споделам. Инаку серискиот број
на продуктот е валиден и има гаранција со рок до 2018 година (проверен на официјалната страна на WD)

Во прилог се сликите, направени со согласност на сопственикот :-)

Поздрав
Гоце

 

2 ноември 2015 - 18:27