Баба Ванѓа на нашето време:

Се оствари пророштвото на Рамбо

Толкав број луѓе имаат желба јавно да се изразат, што стана подобро платено да ги слушаш отколку да им свириш.

После 12 години повторно добив работа на телевизија. Задачата не ми е претерано тешка, треба да оценувам некои помлади и постари изведувачи, како некое жири, пристоен свет.

Сепак, се оствари моето пророштво од пред некоја година. Толкав број луѓе имаат желба јавно да се изразат, што стана подобро платено да ги слушаш отколку да им свириш.

Рамбо Амадеус

8 ноември 2015 - 20:22