Решив да стекнам нови пријатели надвор од Фејсбук применувајќи ги истите правила кои важат на мрежата.
Затоа, секој ден одам по улица и на случајните минувачи им кажувам што сум јадел, како се чувствувам во моментот, што сум правел ноќта, што ќе правам после и со кого.
Им давам слики од моето семејство, мото куче, фотографии од мене во двор, пред споменици, како возам низ град или од она што го јадам.
Исто така слушам нивни разговори, им дигам палец или им викам дека им го лајкам муабетот.
И ова функционира исто како на Фејсбук! Веќе ме заследија четири лица.
Двајца полицајци, еден приватен детектив и психијатар.