Off Topic

Солзите на инжинерот кому му го срушија мостот

Трамп беше многу горд што го срушиле мостот кај Караџ. Тоа го правеа и кога ја нападнаа Југославија. Овој беше недоправен, уште непуштен во употреба а ќе беше најголемиот мост на Блискиот Исток, долг преку километар, висок 132 метра. Солзите на градителот сами по себе се разбирливи. На Иранците им порача: „Господ ако ме поживее, повторно ќе го изградам и ви ветувам дека ќе поминувате по него.“  

Проблемите доаѓаат со брзина на точак

Знаете ли дека глобалните прекуокеански ланци за снабдување со нафта се движат со брзина на велосипед? Тоа е брзината на оние огромни танкери што лазат преку океаните. Тоа е и причината што ситуацијата уште изгледа доста нормално иако Ормускиот теснец одамна е затворен. Големите нафтени полжави излезени пред затворањето уште не се стигнати до своите дестинации. Кога таа нафта ќе се потроши, е, тогаш ќе ја сфатиме белјата.

Психопатијата си најде нов непријател

Претседателот на Соединетите Американски Држави утрово се разбуди и напиша 150 зборови. Не за Иран. Не за цените на горивото,не за цената на храната.  Не за царините што ги пореметија глобалните пазари. Не за стравувањата за рецесија. Доналд Трамп напиша 150 зборови против Брус Спрингстин.

За Корка, за Кочани

Ќе ги носиме во Загреб? Лесно е, треба да бидат во првите три, а кога вие ќе запнете, и прво место се фаќа. Фестивалот InMusic 2026 ги објави финалистите за нивниот „Breakthrough“ за млади европски бендови. Меѓу нив се и нашите Корка од Кочани. Добри, жестоки, стегнати. Тие Брисел го освоија, не па Загреб.   

Грчки руфтоп: Бех сас козите

По пријава на граѓани, грчката полиција открила нелегална живинарска фарма во Атина. Не само што дивата фарма била лоцирана во самиот центар на главниот град туку се наоаѓала на последниот, 16-ти спрат на зграда. Биле најдени 10 кози, 30-тина кокошки и јато патки. Постои сомневање дека локацијата на фармата ја откривале петлите, уште рано - рано. 

Сурфате инкогнито? Се лажете

Режимот инкогнито или режимот за приватно прелистување се функции што ги има секој прелистувач, но ни приближно не се ни инкогнито ни приватно. Притоа, Хром е најлош бидејќи упорно не вклучува опции кои корисници со години му ги бараат. Тор му е мајката. Нешто побавен но блиндиран. Прифатливи алтернативи се и Брејв и Фајрфокс, вели дечкото од Privacy Guides.   

Во длабокото

Умниот човек Владета Јеротиќ, српски психијатар, филозоф и сериозен познавач на човековата душа, викаше дека оние што од други вери преоѓаат во православие, на тоа се решаваат најчесто преку литургијата која знае да допре онаму кајшто е важно. Овде имаме еден величествен пример за тоа: архимандритот Серафим Бит - Хариби, еден од само двајцата луѓе на светот кој литургијата ја служат на арамејски јазик, јазикот на кој зборувал Исус.    

Да беше вака, уште ќе бевме четврто

Обично не пекаме да се вратиме во младоста, ама некогаш на човек па и криво му е што тие кревки години ги минал на оние неудобни и тврди дрвени столчиња какви што царуваат во нашите училишта. Е, кој го прави тоа различно? Нормално, Кинезите. Тие знаат дека и на децата, без разлика што не се натепале чорба со лук, им треба дремка. Елате да убиеме едно око пред голем одмор.

Џони Синс, слава му

Училишта и социјални центри во Украина решија достоинствено да го обележат сеќавањето на „хероите кои паднаа во битките кај Курск.“ Само што.... добронамерните тетки држеа слики од поинакви херои, оние од порно батаљонот Бразерс, великани како Џони Синс и Били Херингтон. Кој ли ги вака прелажа?

Дојде време ТРТ да го пердаши Си-ен-ен дека се дно

Директен мотив е резил репортажата што Си-ен-ен ја имаше од еден таен сириски затвор, од кој извлекоа затвореник кој долги години лежи таму и е константно измачуван, за после да се утврди дека се работи за човек на Асад, и тоа еден од поголемите крвници, па потоа да наредат уште серија резили од некогаш најпрепознатливиот новинарски бренд.

 

Смртоносен германски баг

Причината зошто не била блокирана улицата на која се случи терористичкиот напад на божиќниот пазар во Магдебург е затоа што по германски правила и закони тaa е за трамваи и на нејзе никако не е дозволен сообраќај со автомобили. И за Германците е природно да очекуваат дека тоа секој ќе го почитува.

Шазамнување на Дилан

За разлика од трибјут музиката во кои песните добиваат поинакви гледања од самите изведувачи, филмската музика се обидува тие да звучат што поблиску до оригиналот. Токму таков е саундтракот за претстојниот филм за Боб Дилан во кој главниот глумец, Тимоте Шаламе (Дина, Вонка, Call Me by Your Name...), добро го скинал специфичниот манир на Дилан. Не е скроз како оригиналот, ама па тоа е и невозможно. 

Власи и Галичани се растурикуќи за Холанѓаните

Ако некому позајмиш пари или платиш нешто за него, преку апликација му праќаш „тики“ за да го потсетиш и да ти плати. Дотука добро. Женава изела две банани кај некого ДОМА. Бам - тики! За едно евро! Во ресторан со пријателка заедно ја платиле сметката, ама пријателката платила за она мало кесенце мајонез. Бам - тики! Да се раздужат 20 центи за мајонезот. Какви скаперници! После, имале. Како бе да немаат?

Германијо, опрај се

Германската полиција деновиве беше видена како ревносно ги „обезбедува“ божиќните пазари во земјата така што полицајци претресуваа торби на тетки и бабички и им конфискуваа швајцарски ножиња ако им најдеа во чантите. А потоа на полниот панаѓур во Магдебург, со БМВ улета 50 годишен лудак од Саудиска Арабија (кој, патем, да ти бил психијатар). Негде грешат во приоритетите, нели?

Путин му понуди азил на Зеленски

Според Путин, украинскиот претседател веројатно ќе биде вдомен од некој од неговите западни сојузници, но ако до таму му дојде зорт и Русија би го прифатила како политички азилант.

Можевте да читате весник преку него

Некој лудак го убил полицаецот со службено куче, го убил службеното куче, го убил заменикот шериф и избегал во шума. Полицијата добила засилување, упукал двајца од нив а кога свртел пиштол кон полицајците - го убиле. Подоцна, кога медиумите го прашале шерифот зошто го пукале 68 пати(!), тој им одговорил: Затоа што снемавме муниција.

Скапо е само ако не ги вреди парите

Уметничкиот директор на Ермес притиснат сред интервју за цената на производите на компанијата, објаснува што е разликата меѓу нешто што е многу пари и нешто што е скапо. На кратко, никогаш не е во сумата, туку во тоа што го добиваш.

Лили ма, мала слабост и одма цвикаш

Поголемиот дел од интернет заедницата искрено ја жалеше Онлифанс девојката Лили Филипс, кога го виде интервјуто со неа, веднаш по завршување на нејзиниот самоиницијативен потфат да се рокне со 100 мажи. Беше расплакана и збунета а луѓето лути што порно индустријата така злоупотребува човечки души. Но, Лили се опорави побрзо од ерекцијата на дечките кои учествуваа во рекордната стотка. Сега Лили ќе оди на илјадарка!

Ај малку за Африка преку мапи

„Секое утро во Африка, газела се буди и знае дека мора да биде побрза од најбрзиот лав или ќе биде убиена. Секое утро во Африка се буди и лав. И тој знае дека мора да трча побрзо од најбавната газела или ќе умре од глад. Не е важно дали сте лав или газела – кога ќе изгрее сонцето, најпаметно е да бидете брзи“. – африканска поговорка.

Кому му се верува, нека верува

CNN објавија „извонредни моменти“ кога нивната главна дописничка Клариса Ворд сведочи на ослободување на сириски затвореник од таен затвор во Дамаск. „Оставен сам со денови без храна, вода или светлина, човекот не знаел дека режимот на Башар ал Асад паднал,“ ќе нè трогнат сиененовци. Сеирџии забележаа, после три месеци во самица, како бе ноктите толку средени?

Злато од ѓеризот

Ако ви се виде многу мака како доаѓаат до злато во други делови на Азија (види: Како се вади злато од мобилни), тек да ги видите во Индија: сконтале дека онаму кајшто се плакнат златарите, златна прашина од нив се слева во канализацијата. Добро, и? Како и? Вадаш шахта, се пикаш внатре и црпиш материјал. Полниш вреќи и после се ценкаш со чорбаџијата. Мали пари, пошто, не е злато сè што смрди.

Неподносливата леснотија на ребрендирање милитанти

Американскиот генерал бил одушевен: на курдските милитанти од Сирија им викале да го сменат брендот и да не инстистираат да се викаат како што се викаат. За само неколку дена од сугестијата, овие дошле до брилијантна идеја: ќе го вметнат зборот „демократски“ во своето име! Веднаш звучи поинаку! Нели е тоа генијално решение?

Ви текнува дека нема AID vo USAID?

Како некогашно лице од Стејт Департментот, Мајк Бенц е инсајдер од „мочуриштето“. Денес е директор на Фондацијата за онлајн слобода, беше кај Џо Роган и неколку пати баш го остави без зборови. Пар извадока од неговото гостување, за корените на проблемите во Украина и за вистинската функција на омилената владина агенција на нашите невладини.

Сосема ново ниво на претерување со луто

Каролина рипер веќе сите ја разбравме и милионите сковили и сето тоа е во ред. Ама зошто да се застане таму, кога може прописно да се претера на неизбежна лична штета. Па што е полуто од најлутата пиперка? Спреј против мечки другари.

Ајс Ти меѓу Гилмор и Вотерс

Раперот кој е дел од рап метал бендот Бодикаунт сакал да ја работи на легендарната песна на Пинк Флојд, Comfortably Numb, главно за семплирање, а го привлекол и басот на Вотерс. Почнал да работи на песната но продуцентите му рекле да ја батали идејата бидејќи за тоа ќе му треба дозвола и од Дејвид Гилмор и од Роџер Вотерс, а тие двајца се немаат сложено за ништо во последните 20 години. Ајс не е убав но е упорен и ете ја песната.

Да те фати уплав гумена бомбона на рафт да погледнеш

По социјални мрежи има некој нов тренд / челенџ под наслов „салата од траума бомбони“ во кој сега трезни луѓе раскажуваат како се навлекле или што било пикот на нивната зависност (главно од алкохол и дроги). У-плав.

Етичноста на помошта за странство

Американската помош за сиромашните земји звучи благородно додека не ти текне како тоа функционира. Американската држава зема од своите сиромашни и од средната класа, за потоа тие пари, преку фондови, грантови и програми да завршат КАЈ БОГАТИТЕ луѓе во сиромашни земјите. Рон Пол, советникот во новиот оддел за владина ефикасност на Маск и Вивек советува тоа да престане. Маск нема против.

Макрон го пратија на киропрактичар

Како и секое бахато сељачиште, Трамп знае (и сака!) на секаков начин да ја демонстрира својата надмоќ. Памтите како го избутка оној Црногорецот за да се натрти во прв ред. Една од омилените алатки на неговиот грубијански говор на телото му е ракувањето. Кога ќе го зграпчи некого за рака, знае да го цимне кон себе за да го залула и него и неговата самодоверба. Сега има и нова финта за покажување доминантност. Ја вежбаше на Макрон.

Вака се признава: Бев идиот

Многумина во САД и кај нас, по последните избори порачаа дека ја разбрале пораката, го слушнале народот, извлекле поента.... Закерберг се каеше што многу виткал кичма пред властите, Скарбороу и Бжежински беа на баци рака кај Трамп... Ана Каспаријан, која заедно со Ченк Ујгур беа жестоки душмани на Трамп, своето „данас отварам очи, након свих ових година“ го прави поискрено: Бев идиот, требаше да видам како живеат луѓето.

Кина: Играчници - не, е-спорт хотели - да

Во модерна Кина, нов тип на хотели суштински го менува начинот на кој младите го минуваат слободното време. Понудата комбинира виртуелно играње со физичко сместување. Кина моментално има над 21.000 е-спортски хотели кои опслужуваат гејминг заедница проценета на 490 милиони играчи. Само за сместување лани бил остварен приход од 2,7 милијарди долари.