Planet Earth: Маж на кауч

Пробајте следниот вовед да го замислите со глас на Сер Дејвид Атенбороу: Мажјакот спокојно лежи во својот природен хабитус. Попладне е, најаден е и напиен, треба само да му пружи услови на својот дигестивен тракт да го процесира амбициозниот товар. Тој спокој го прекинува добро познат глас. Готово е со раатот. Не му останува ништо друго освен вешто да се изгуби од видокругот на неговиот архи-непријател. Успева, не му е првпат.    

18 јуни 2025 - 17:00