Народскиот говор на шерифот

Не помина долго време откако сенаторот Рон Де Сантис порача дека во Флорида  нема да се теолерираат безредија по улици и особено не конфликти со полиција (види: Ако нема друго, газете), шериф од тамошен округ го операционализираше упатството и го раскажа на брутално  разбирлив јазик. „Ако дигнете рака на нас, ќе го известиме вашето семејство каде ќе може да ви го подигнат телото“

„Ако пружате отпор  и не слушате законски наредби, одите во затвор, тоа да ви биде јасно.

Ако блокирате раскрсница или пат, одите во затвор.

Ако пробате да избегате од апсење, ќе одите во затвор и тоа уморни, бидејќи ќе ве бркаме, стигнеме и ставиме во апс.

Ако во толпа опколите некого во кола, најверојатно ќе бидете прегазени и влечени по улица.

Ако плукате по полицајци, ќе одите прво во болница па во затвор. Исто и ако удрите некого од нас, болница, затвор а во меѓувреме веројатно и ќе бидете изгризани од некое од нашите големи прекрасни кучиња.

Ако на нас фрлите цигла, молотов коктел или потегнете оружје, ќа го известиме вашето семејство каде можат да ги подигнат вашите остатоци.

Затоа што ќе ве убиеме начисто. Нема играчки, ова мора да престане.

Вејн Ајви, шериф на округот Бревард, Флорида. 

16 јуни 2025 - 13:03