
"Затоа што луѓето сè уште читаат поезија наместо да користат социјални мрежи и ги негуваат вистинските семејни вредности што многумина одамна ги заборавиле. Ова е исто така една од земјите во кои досега се чувствував најбезбедно, и ми боли душата секој пат кога ќе ги видам натписите на западните медиуми или некои блогери кои пишуваат за тоа колку е небезбеден, опасен и слично. Иран што го доживеав е побезбеден од повеќето европски и американски метрополи и не знам дали има место на планетата што има толку лоша репутација, а всушност е толку прекрасно".
Ова го пишува Роберт Дацешин, дечко од Бања Лука кој ја има напуштено стандардната од 8 до 4 работа за да патува по светот и досега има посетено 107 од планираните 195 земји.
Ова се неговите впечатоци од Иран.
* Види и: