Медиуми знаат да забетонираат јаки стереотипи за некои земји и луѓе кои потоа се одржуваат долго време. Не беше толку одамна кога во очите на западната, првенствено американска јавност, за Балканците се веруваше дека ние овде јадеме живи деца и од прв до последен сме ужасни варвари. И за Иран, веројатно првата асоцијација е дека тоа таму е сè верски затуцано и забулено од глава до петици.