Иран беше на неколку месеци од нуклеарка?

Главното алиби за израелскиот напад врз Иран беше дека тој напад бил превентивен затоа што озлогласниот Техеран бил многу блиску до зботување на ураниумот на ниво доволно за правење атомска бомба. Ок, само што истото тоа го викаа пред две години, истото се викаше пред четири години, истото во 2015-та година, истото во 2013-та година, истото и во 2012-та.... и така наназад сè до 2001-ва. 

п.с. Терминот „превентивен удар“ како алиби за напад на туѓа територија Израел првпат го искористи во 1967 година, за „превентивно“ да оправда уништување на воената моќ на Египет и окупирање на Синај, Голанската Висорамнина, Западниот Брег и Газа.

16 јуни 2025 - 11:50