Додека Блискиот исток се соочува со најсериозната ескалација во последно време, луѓе во Либан си го тераат животот по стандардниот ритам, кој на венчавка, кој на журка, кој по барови. И кога онаму карши ракети го параат небото, се погаѓа песна чии стихови велат: Here I go out to sea again/ The sunshine fills my hair/ And dreams hang in the air... Како на Титаник кога свиреа виолини додeка бродот тонеше.