Културата на цензура нè направи слепи, глуви и глупи

Одмазничкиот удар на Иран испадна посилен отколку што се очекуваше па сега на Запад се чудат. Иранскиот режим требаше да падне, слично како што Русија лесно ќе беше поразена зашто економијата ѝ е слаба, слично како што „Кина не знае да иновира“. “Зошто ние на Запад сме склони да ги потценуваме противниците?“, се прашува професорот Глен Дизел. 

Овие претпоставки не се резултат на информирана дебата. Нам не ни е дозволено да се спротивставиме бидејќи признавањето на силата на противниците се осудува како „проиранско“, „проруско“ или „прокинеско“.

Лошата анализа резултира со лоши политики. Какви политики можеме да добиеме кога не ни е дозволено да разговараме за безбедносните загрижености на опоненtите, не ни е дозволено да водиме искрена дискусија за нивната сила, не ни е дозволено да разговараме со нашите противници итн.

Нашата култура на цензура и канселирање нè направи слепи, глуви и неми.

Самоизмамата е опасна во меѓународната политика. 

Глен Дизен

15 јуни 2025 - 19:33