Од сите страни излегуваат тие вертикални видеа, со впечатлив титл и некаков полуанонимен „авторитет“ во подем, често со слушалки, микрофоништето пред него и кажува нешто ултра паметно. Секоја чест на исклучоците во вид на реални авторитети што ги гледаме ретко. Само што, знаевте ли дека колку понебитен и нов ви се гледа „соговорникот“, толку е поголема шансата да си се снима сам, во соба, како мудрува пред празно столче?