Амазон го купи и ќе го подготвува Џејмс Бонд, а Хелен Мирен признава дека „никогаш не ѝ се допаѓал“ серијалот, заради начинот на кој третира жени. А, на темата да се вметне жена во главната улога, како еден холивудски, воук експеримент, Мирен вели дека не е заинтересирана за тоа, заради историјата на ликот.
„Целиот тој серијал не беше за мене. Навистина. Никогаш не ми се допадна Џејмс Бонд. Никогаш не ми се допаѓаше какви се жените во Џејмс Бонд... Целиот концепт на Џејмс Бонд е потопен во и роден од длабински сексизам,“ рече Мирен во интервју за Д Стандард. „Жените отсекогаш биле голем и неверојатно важен дел од тајната служба. Отсекогаш. И многу храбри. Да слушнете само што правеле за време на Отпорот во Франција, неверојатно се храбри. Така што, би раскажувала вистински приказни за исклучителни жени што имаат работено во тој свет.“
Самата франшиза поминува низ драматични промени во моментов - во февруари, Амазон МГМ постигнаа договор за креативна контрола над целиот имот.