Единаесет детали што ги одвојуваат вистинските мажи од останатите

Патем, ужасна вест за површните: Не е само да облечеш костум и да фатиш пура во рака.

Што е тоа што мажите конкретно ги прави луѓе?

Балансираат меѓу самодоверба и скромност
Иако е јасно дека е сигурен во себе, никогаш не дозволува ова да фрли сенка на неговата волја да ги стави другите пред себе. Тоа е човек на кој во секое време можеш да му пристапиш, секогаш ќе каже кој му помогнал да стигне до таму каде што е и ретко обвинува.

Живеат со интегритет
Интегритетот е потреба за овој тип на човек и секогаш го избира доброто, дури и кога никој не го гледа. Изборот и делата што ги прави одговараат со неговите вредности и луѓето го почитуваат заради тоа во секоја сфера на животот. Патем, чувствува и благодарност за неговата репутација и луѓето можат да се потпрат на него.

Покажуваат самоконтрола
Кога има предизвици, не се распаѓа. Држи до самоконтрола и во личниот и професионалниот живот, покажува дека може да се справи со стрес и конфликт и одлуките што ги носи се практични, затоа што доаѓаат од неговата способност за самодисциплина.

Емпатични се и сочувствителни
Емпатијата му е скриена сила - остварениот маж ги разбира и ги споделува туѓите чувства. Не е само перформанс да сочувствува, туку реален дел од неговиот карактер.

Ги усовршуваат вештините за комуникација
Ефикасната комуникација е класичен показател - зборува јасно, слуша внимателно, придонесува кон разговорот и има начин на изразување мисли и чувства што создава силни врски.

Дарежливи се
Не само во однос на финансии - дарежлив е и со време и со стручност. Дава без да очекува ништо за возврат затоа што ја разбира вистинската вредност на давањето и помагањето.

Усовршуваат манири и однесување
Манирите кај еден маж отвораат врати како што не можат ни пари, ни образование. Не се работи за тоа дали знае со која вилушка се јаде оброкот,  се работи за тоа дека сите околу него се чувствуваат вреднувани. Во социјална средина се снаоѓа многу лесно и се труди односот да му биде беспрекорен.

Точни се
Паметен маж разбира дека времето е незаменлива вредност и се труди да биде точен и да го почитува туѓото време. Сака да покаже дека туѓите обврски ги вреднува како свои и кога ќе каже дека ќе пристигне во одредено време, навистина се појавува тогаш.

Културолошки се освестени
И тоа од секој аспект - ги ценат и ги почитуваат различните перспективи и традиции, а со тоа ја подобруваат способноста да комуницираат со луѓе што доаѓаат од различни агли на животот.

Интелектуално љубопитни
Секогаш се со отворен ум и спремни за учење и имаат чувство на љубопитност кон светот. Таквата жед за знаење го прави ангажиран и информиран и му ги проширува хоризонтите. Никогаш нема да ти биде здодевно во негово друштво, затоа што секогаш е спремен за дискусија за книга, документарец, или што било актуелно.

Внимаваат на изгледот и се грижат за себе
Еве го делот до кој што сите рипаат и ако мислат дека е доволно, треба да се вратат да препрочитаат од почеток. Изгледот секако не треба да се заборави, и треба да е внимава на гардеробата, косата, брадата ако ја има. Ова не се однесува на скапи производи - паметен човек знае дека испеглана кошула и чисти чевли значат многу повеќе од етикета.

Вака наредено, излегува дека не е ни ограничено на пол.

Be better.

26 март 2025 - 00:00