Успех во Холивуд не значи автоматски милиони

На Кристијан Бејл му се смееле шминкерите дека земале повеќе пари од него.

Сумите што некои актери ги добиле за некои од најголемите холивудски филмови не се ни за верување. На пример, би требало Шерон Стоун да може без проблем да си дозволи што сака и да се појави на Оскари после „Основен инстинкт“, нели? Не.

„Бев во еден чуден меѓупростор - одеднаш славна, а немав пари. Немав ни доволно за да си го купам фустанот за Оскари следната година,“ има изјавено Стоун.

Кристијан Бејл го добил „апсолутниот минимум што бил легално дозволен“ за „Американски психопат“. Живеел во куќа со татко му и сестра му за која немале платено трошоци и требало да им ја земат.

„Се сеќавам дека седев во трејлерот за шминка и шминкерите ми се смееја затоа што ме плаќаа помалку од сите нив. И тоа ми беше мотивација после тој филм. Само да заработам доволно да не ми ја земат куќата.“

Хилари Свенк ја платиле 3000 долари за Boys Don't Cry - филмот што ѝ донесе Оскар и Златен глобус за најдобра актерка. За да има здравствено осигурување морала да има 5000, па кога еднаш отишла во аптека и пробала да земе нешто, сакале да ѝ наплатат 160 долари.

„Имав Оскар и немав здравствено,“ вели таа.

Џејми Ли Кертис добила 8000 долари за првиот „Ноќ на вештерките“ и сама купувала облека за ликот.

За илустрација, не е дека овие пари „биле големи“ во времето кога се исплатени. Опра има добиено 35.000 за „Бојата на пурпурот“, што секако не е доволно со оглед на големината на приказната, филмот и номинацијата за Оскар што ја доби потоа.

И на крај, никој не сакал Џеф Даниелс да глуми во „Глуп и поглуп“, па му понудиле брука од сума, во надеж дека ќе одбие. Сепак, ги прифатил тие 50.000 долари, наспроти седумте милиони на Џим Кери.

27 март 2025 - 09:54