Ова би можело да направи револуција во однос на еден проблем за кој пишуваше и Ема Томпсон во еден есеј поврзан со филмот Good Luck To You Leo Grande.
„Сексуалната асистенција - зошто не е покриена со Министерство за здравство? Сексот е слободен, природен, нормален, убав, добар е за нас, како што вели Лео во филмот, а на многумина недостапен од секакви, совршено валидни причини. Ова е проблем на јавното здравство.“
А сепак, во видеото каде што се запознаваме со роботот не се дискутира тоа, туку луѓето кои пред сѐ се возбудуваат од самата идеја дека се работи за робот.
И „девојката“ не се дава. На прашањето дали е секс-робот, се брани дека да ја нарекуваш секс-робот е како компјутер да нарекуваш дигитрон, а да ја користиш само за секс е како да влегуваш во кола само за да слушаш радио.