Од една страна е смешно, од друга загрижувачко. Естетиката е „играчка“, ама е играчка за опсесија со работа, за смртна казна, перверзии, зависности, пороци... Ич не се да ги дадеш на дете што разбира по нешто.
Има и сајт каде што се продаваат принтови и облека од „играчките“.
Енди Салстром, кој работи под псевдонимот Shampoooty, со проектот сака да ја истакне социјалната навика на воведување на децата во светот на возрасните на многу рана возраст, наметнувајќи им желба да пораснат и самите да градат кариери. Уште подраматична е сè пократката дистанца меѓу светот на децата и светот на возрасните, што остава многумина, веќе возрасни, да се мачат со снаоѓање во светот.