Вистината зад успехот

Во едно шоу, актерката Џамила Џамил рече дека нешто што и на најлошиот непријател би му посакала е сите желби да му се остварат. Ова во контекст на успех, кариера, пари и слично.

Реалноста на успехот е дека бара многу откажувања.

Непроспиени ноќи, изгубени моменти со блиските, дружење, одмори, галење и чување кучиња, бескрупулозност, спремност на непријатности, и уште цел список на нешта што некако создаваат логика во изјавата дека на најлош непријател му се посакува.

Затоа што успехот како успех никогаш не е доволен.

Затоа и имаме такмичења сега, кој ќе испрати поголема ракета надвор од планетава.

25 март 2025 - 00:00