Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

19 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со проекцијата на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, вечерва почнува 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола. Свеченото отворање е денес, 19.09. од 20 часот во Центарот за култура. Ова е негова македонска премиера. 
  • „Браќа Манаки“ ќе трае до 25 септември.  Фестивалот ќе го затвори македонската премиера на дебито на Срѓан Јаниќијевиќ, „Нема да ви се верува што се случи претходно“, чиј кинематографер е Дејан Димески. На последниот ден (25.09., петок) ќе се одржи и мастерклас со режисерот Дарко Митревски на тема „Како да не направиш досаден филм?“.
  • Еден од главните гости и лауреати ќе биде американскиот кинематографер Џеф Кроненвет, долгогодишен соработник на режисерот Дејвид Финчер и директор на фотографија на филмовите „Боречки клуб“, „Друштвена мрежа“, „Исчезната“ и „Девојката со тетоважа на змеј“. Кроненвет ќе ја добие наградата Златна камера 300, заедно со претходно најавениот дански лауреат Дан Лаустсен.

Целата програма по денови тука

извор

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

28 September 2026
  • Share
  • Post
  • Вчера, 27 септември, Иво Бару ја освои титулата на „Државното првенство во Катан 2026“. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Рулбук“ во Скопје, а турнирот беше организиран од „Гоблин“. На масите се собраа 64 играчи, кои повеќе од десет часа се натпреваруваа за титулата најдобар играч на „Catan“ во земјава.
  • Победата има и дополнително значење бидејќи со неа Бару добива можност Македонија да ја претставува на европската сцена. Како национален шампион, тој ќе настапи на CATAN European Championship 2026, кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Според официјалниот систем на CATAN, националните првенства се патот преку кој играчите се квалификуваат за меѓународните натпревари, а шампионите добиваат можност да се борат со најдобрите играчи од другите земји.
  • Иво има пишувано во нашата подрубрика Букбокс друштвени игри, осврт под наслов „Фотосинтеза или како да не бидеш 'дрво' за садење дрвја“.
извор

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

23 September 2026
  • Share
  • Post
  • Од 28-30 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот Букстар. Тој оваа година го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не сме слободни“. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој БАРЕМ мислата може да се движи без ограничувања, велат организаторите од издавачката куќа „Антолог“.
  • На 28 септември од 18:30 во Лабораториум ќе се одвива разговор со неколку македонски писатели со модераторката Фросина Пармаковска на тема „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“. 
  • На 30 септември во Europe House во Скопје, со почеток од 16 часот ќе се одржи мал омаж во кој уредници на четири издавачки куќи и познавачи на творештвото на неодамна починатата иранска авторка Марџан Сатрапи ќе се осврнат на нејзиното творештво, а модератор ќе биде Ивица Дукоски. Истата вечер од 19 часот е предвиден разговор со Ѓузел Јахина, авторка на „Зулехја ги отвора очите: патување во еден книжевен универзум“. 
  • Помеѓу гостите на фестивалот е и најчитаниот шпански автор Елој Морено. Во 2025 година, заедно со илустраторот Давид Сиера, тој ја објави „Новото патување на Малиот принц“, продолжение на „Малиот принц“. Покрај тоа, шпанскиот автор на 8 февруари 2025 година го собори Гинисовиот светски рекорд за најмногу потпишани книги во 12 часа, со неверојатни 11.088 потпишани книги. 

Целосната програма и списокот на учесници се достапни на социјалните мрежи на Антолог.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
5

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
6

Каков „малер на колото“ му пративме на НАТО

Македонски рулет
7

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
8

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

1

Кога сакале да создадат куче-супермен

Bookbox
2

Што се случило кога Дали го запознал Фројд?

Bookbox
3

Тајниот прирачник на ЦИА за трикови и измами

Bookbox
4

Како цензурата помогнала да се создаде „Зона на самракот“?

Bookbox
5

Кириле, не се опуштај!

Bookbox
6

Батерија од хартија што може да се голтне и да напојува медицински уреди во телото

Bookbox
7

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

8

За ова ли ја воскреснаа Грета Гарбо?

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Вистинска прилика!

25 новинарски заповеди

Апсолутно рапсодично

Колку е лесно да измамиш луѓе со "здрава храна"

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy