Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Бесплатни работилници за свирење теремин во „Лабораториум“

8 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Културниот и едукативен центар „Лабораториум“ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива наменета за развој и поддршка на младата публика и независната музичка сцена преку едукативни и креативни програми.
  • Првата активност во рамките на проектот се бесплатни музички работилници посветени на тереминот – првиот електронски музички инструмент во историјата и еден од најнеобичните инструменти во светот.
  • Од 19 август до 2 септември во „Лабораториум“ ќе се одржат четири музички работилници. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на свирењето теремин, неговите звучни можности и креативниот потенцијал. Работилниците ќе ги води пијанистката, композиторка и музиколог Ива Дамјановски, која преку практична и интерактивна работа ќе ги воведе учесниците во светот на овој уникатен инструмент.
  • Проектот „ЛИФТ“ има цел да ги доближи младите до независната музичка сцена преку едукација, истражување и практично искуство. Преку работилници, презентации и концерти, иницијативата треба да создаде простор за запознавање со нови музички изрази, необични инструменти и современи форми на музичко творештво. За учество не е неопходно претходно музичко образование или искуство.

    Пријавување тука
извор

„Скопje 63/63″: поезиja и фотографиja во спомен на земјотресот од 1963 година

27 July 2026
  • Share
  • Post
  • Во вторник, 28 јули од 20:30 часот во Сули-ан ќе биде промовирана поетска антологиja, подготвена од проф. д-р Иван Џепароски, која обединува избрани творби од македонски и странски автори посветени на Скопje и неговата мемориja. Проектот е надополнет со фотографиите на Сашо Алушевски, кои преку визуелен jaзик сведочат за архитектонското наследство што го преживeaло земјотресот. 
  • Фотографската изложба опфаќа триесетина фотографии и претставува лична авторска интерпретациja на Скопje како простор во кој минатото и сегашноста постоjaно се преплетуваат. Низ фотографиите се отвораат асоциjaции за времето, сеќавањaта, насобраните конотации и симболите што со децении се таложеле околу градот и неговите обjeкти.
  • Посебно место во изложбата имаат фотографии кои се изработени со посебна техника така што под дejство на сончевата светлина со текот на времето постепено ќе исчезнат, метафора за Скопje кое полека го менува своjот лик. На тоj начин, изложбата не е само навраќање кон сеќавањето на земјотресот од 1963 година, туку и размислување за современото Скопje, неговите трансформации и постепеното исчезнувањe на делови од неговиот препознатлив урбан идентитет.
извор

Изложба на фотографии од тажачките кои етнологот Васил Хаџиманов ги снимил по скопскиот земјотрес

25 July 2026
  • Share
  • Post
  • Утре ( 26 јули) во 20: 30 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложбата „Архив на тага: Скопје 1963“, со фотографии на етномузиколог и фоклорист Васил Хаџиманов од тажачките обреди по земјотресот. Монографијата „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 година“ од Ана Мартиноска и Жарко Иванов беше промовирана во декември 2023.
  • Веднаш по земјотресот во Скопје на 26 јули 1963, Хаџиманов со касетофон ги снимал тажачките песни или редачките на гробиштата на погребите на загинатите, потоа нотно и текстуално ги запишувал, а овие белешки и снимки стоеле долго во архивата на МАНУ, каде што ги однел неговиот син Зафир.
  • Утре покрај изложбата, ќе биде промовирано и  дополнетото и двојазично (на македонски и англиски) издание на книгата  „Тажачки песни од скопскиот земјотрес во 1963 г. (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов)“. Настанот се одвива во знакот на одбележувањето на 120-годишнината од раѓањето на Васил Хаџиманов.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Заврши окупацијата на запуштениот имот на Македонија во Цирих

Свет
2

Замина без поздрав

Видео
3

Војната во Украина достигна точка на пресврт

Свет
4

Феноменот и психологијата зад „обновувањето“ по 40-тата година

5

Крајот веста ја краси

Медиуми
6

Не може име да биде појасно

Балканштина
7

Мора да ја повториме оваа легендарна ситуација

Балканштина
8

Генералот Кејн бара излез од војната

1

Зошто белото знаме е симбол на предавање?

Bookbox
2

Бафалото од Судан: Димитар Башевски за тоа како било да си новинар пред 50 години

Bookbox
3

Додадена уште една нота во најбавната композиција на светот

Bookbox
4

Бесплатни работилници за свирење теремин во „Лабораториум“

5

Од трпезата на Хомер: осврт за Нолановата „Одисеја“ на наша класичарка

Bookbox
6

Зошто картографите вметнувале непостоечки градови во своите мапи?

Bookbox
7

Како Луис Армстронг станал „Сачмо“?

Bookbox
8

Kaко експерименти со глувчешки утопии довеле до мрачни предвидувања за иднината на човештвото

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Патриотски булинг

Медиуми

Крајот веста ја краси

Балканштина

Мора да ја повториме оваа легендарна ситуација

Македонштина

Пожарот од блиску доаѓа

Балканштина

Не може име да биде појасно

Балканштина

Косовска Star Wars свадба

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Нешто нејасно?

Совет на денот

Рецепционерка за секое семејство

Кога филозофите се хејтаат меѓу себе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy