Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

„Зборотворба на годината 2026“

9 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Здружението „Зборци“ ја организира годинешната „Зборотворба на годината“ манифестација посветена на македонскиот јазик, зборообразувањето, книжевноста и музиката, која ќе се одржи на 12 септември (сабота), со почеток во 19:00 часот, во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Влезот е бесплатен.
  • Настанот ќе започне во 19:00 часот со дискусија на тема „Озборување“, чиј модератор ќе биде Виктор Бучковски. Темата поаѓа од идејата дека озборувањето, иако најчесто се разбира негативно, е една од најстарите и најприсутните форми на човечка комуникација и важен дел од начинот на кој преку јазикот градиме блискост, доверба и правила во заедницата.
  • По дискусијата следува музичката програма, замислена како спој на различни генерации, жанрови и изрази од македонската сцена. Во 20:15 часот ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ, во 20:45 часот Лидија Кочовска и Јоргуш, во 21:30 часот Вец Вајс Верс, а во 22:00 часот „Животни“. Во 23:00 часот следува заедничкиот настап на Принцес Донатсу и Донплеја со Битолскиот камерен оркестар, додека вечерта во 00:00 часот ќе ја заокружат „Маратонци“.
  • За изборот на победничките зборови годинава одлучува жири-комисија составена од луѓе што доаѓаат од различни области. При изборот предност ќе имаат зборотворби што имаат шанса да фатат корен во секојдневниот говор, зборови што можат да понудат домашен еквивалент на постоечки интернационализми, како и креативни решенија во кои звучноста и употребливоста се среќаваат во природна целина. 
    Да се потсетиме на ланскиот победник - „стивнина“.
извор

„Госпоѓица Јулија“ од Битола гостува во Скопје

12 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Независната продукција на „Госпоѓица Јулија“, по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Иван Јерчиќ, ќе биде изведена во културниот и едукативен центар Лабораториум во петок, 13 ноември, во 20 часот.
  • Претставата првично е поставена и редовно се игра во КИЦ Офицерски Дом во Битола, а ова е нејзиното прво гостување во Скопје. Улогите ги толкуваат Викторија Степановска Јанкуловска, Никола Стефанов и Марија Стефановска, а сценскиот дизајн е на Марта Дојчиновска.
  • За претставата се вели дека е „современо читање на Стриндберг кое не нуди утеха, ниту морални одговори. Наместо тоа, полека и прецизно ги отвора пукнатините во човекот, таму каде што моќта, желбата и манипулацијата престануваат да бидат општествени категории и стануваат интимна состојба. Претставата има речиси скандинавска студеност.“

    Билети на МКТикетс и на влез пред почеток на претставата. 
извор

Змејот од Плачковица во Лабораториум

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Младиот ликовен уметник од Кочани, Давид Јосифов, во културниот и едукативен центар Лабораториум ќе го претстави своето дело „Змејот од Плачковица“, триптих од скулптури во акрил на метал Отворањето на изложбата ќе се одржи во четврток на 12 ноември во 20 часот. 
  • Давид е студент на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и последниве неколку години се фокусирал во ѕидното сликарство. Со „Змејот од Плачковица“, тој се впушта во тродимензионален израз. Идејата од самиот почеток на резиденцијата беше да се работи со разновидни рециклирани и индустриски материјали кои упатуваат на еколошки и општествени прашања, со посебен фокус на ликот на змејот како заштитник на природата. 
  • Делото е развиено во рамки на резиденцијалната програма „Нови Лица“, во соработка со менторот Владимир Благојевиќ, дипломиран етнолог, музејски едукатор, истакнат уметник, илустратор и автор на медиумски програми од областа на уметноста. 
  • Ова е нова резиденција во рамки на програмата „Нови Лица“ во Лабораториум, во која претходно Јана Наскова имаше изложба на фотографии „Од шкафот“, Канита Кеј Зеќировиќ го промовираше фанзинот „Наши“, Кристина Таневска работеше мурал во Лабораториум, а Дамјан Чемерски, Давид Станковиќ и Лука Петковски го презентираа мултимедијалниот музички проект „Dаvidian“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Цена на злото

Балканштина
4

После победата доаѓаат прашања

Мешано
5

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
6

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
7

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

8

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

1

Букбокс гледанка: „Цената на рајот“ (2025)

Гледанка
2

Кога се спремаш за на концерт ко за на испит

Bookbox
3

Пред Тикток: бестселерот од 1579 година што им нудел „мозочен трулеж“ на љубопитните читатели

Bookbox
4

Придобивката од тоа да имаш „симпатија“

Bookbox
5

Како авторот на „Аладин“ бил избришан од историјата

Bookbox
6

Kоја е најголемата болка што може да ја почувствува човек?

Bookbox
7

Змејот од Плачковица во Лабораториум

8

„Госпоѓица Јулија“ од Битола гостува во Скопје

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Скопјанец во blue mood

Каде е Господ после Аполо 8?

Грди жени

Ќе биде ли овде некој некогаш избркан од работа?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy