После повеќе години јавна дискусија на оваа тема, Обединетите нации на 4 септември усвоија нова светска мапа која пореално ја претставува вистинската големина на континентите, особено на Африка. Како пример е предложена проекцијата наречена Equal Earth, која многу подобро ја прикажува површината на копнените маси. Причината е добро познатиот проблем со Меркаторовата карта: на неа Африка изгледа приближно колку Гренланд, иако во реалноста е околу 14 пати поголема.
Герард Меркатор бил фламанскиот географ, географ, математичар и гравер, роден во Рупелмонде, во денешна Белгија. Се смета за еден од најзначајните картографи на 16 век, а токму тој во 1569 година ја создал познатата Меркаторова проекција. Работел и на изработка на глобуси, инструменти и мапи, а во 1595 година, една година по неговата смрт, неговиот син Румолд го објавил првиот атлас во кој била употребен терминот – збор што оттогаш станал општ назив за збирка географски карти. создадена во 1569 година. Нејзината главна цел не била верно да ја прикаже големината на континентите, туку да им помогне на морепловците. На Меркаторовата карта права линија повлечена во одреден правец можела да одговара на постојан курс следен со компас, што било исклучително практично за навигација.
За да го постигне тоа, Меркатор морал да ја растегнува мрежата на картата сè повеќе како што се приближува до половите. Последицата е дека областите околу екваторот изгледаат многу помали отколку што се, додека оние блиску до половите се значително зголемени. Така Гренланд изгледа речиси колку Африка, иако разликата во реалната површина е огромна. Ова го отсликува основниот проблем на картографијата: Земјата е топка, а картата најчесто е рамна. Невозможно е целата површина на сфера да се пренесе на рамна површина без нешто да се деформира.
И покрај ова, Меркаторовата проекција преживеала повеќе од четири и пол века и сè уште е присутна во училишните атласи, на телевизија и на интернет, па дури и во различни дигитални мапи. Критичарите, сепак, предупредуваат дека ваквиот приказ не е само технички проблем. Ако некоја земја или континент постојано го гледаме како поголем, може несвесно да почнеме да го доживуваме и како поважен. Тоа особено се однесува на Африка, која на Меркаторовата карта изгледа многу помала отколку што навистина е.
Проекцијата Equal Earth е создадена во 2018 година токму со цел да го поправи овој проблем. Таа многу пореално ги претставува површините на континентите и е инспирирана од постарата проекција на Робинсон од 1963 година. Но и таа има цена. За разлика од Меркаторовата карта, на Equal Earth правите линии не го задржуваат истото значење за навигација, а растојанијата меѓу местата не можат едноставно да се мерат како на глобус. Тоа е неизбежен компромис: може да се зачува површината, формата, растојанието или насоката, но не и сè истовремено. Ако сакаме сè да биде совршено точно, повторно ни треба – сфера.
Постои и едно поинакво решение: едноставно да ја смениме ориентацијата на картата. Некои карти го ставаат југот на врвот, наместо северот. Други го менуваат континентот што се наоѓа во центарот. Така Европа и Африка не мора секогаш да бидат во средината, а Америка може да биде во преден план, или обратно. Овие карти се интересни затоа што покажуваат колку сме навикнати на една конкретна слика за светот. Северот не е „погоре“ во некоја природна смисла, ниту Европа мора да биде центарот. Тоа се договори. Но ниту со вртењето на картата не се решава проблемот со важноста и центарот – само се менува перспективата.
Очигледно, не постои една совршена карта на светот. Секоја проекција избира што ќе зачува, а што ќе жртвува. Меркатор е одлична за навигација, Equal Earth е подобра за споредување на површините, Петерсовата се обидува да ја исправи нерамнотежата во големината, а поларните и превртените карти ни покажуваат дека и самиот поглед кон светот е прашање на перспектива.