Џокерот на Ренџерс во 91-ва минута се вика Бојан Миовски

Само четири дена откако испрати соопштение до јавноста дека сам ќе се грижи за својата кариера, без менаџер, Миовски го постигна првиот гол во новата сезона. Доби шанса во 78-ма минута при резултат 0:0 против Сент Мирен и во судиско, паметно со лоб, го реши голманот еден на еден, за победа на својот тим. Ова е важен гол и за самодовербата на македонскиот репрезентативец, со оглед на тоа што на 26-ти играме против Швајцарија.

10 септември 2026 - 08:34