Необична одлука на Бојан Миовски

Македонскиот напаѓач веројатно не им верува повеќе на менаџерските агенции.

Миовски се раздели со својот менаџер и одлучи сам да се грижи за својата кариера, што е несвојствено, особено на големата европската фудбалска сцена.

„Би сакал да потврдам дека во моментов не сум претставуван од ниту еден фудбалски агент или агенција.

Во наредниот период јас лично ќе ги менаџирам сите работи поврзани со мојата професионална кариера и иднина. 

Сите прашања во врска со мојата кариера или иднина треба да бидат упатени директно до мене лично. 

Ви благодарам на разбирањето“, стои во соопштението на Миовски.

Македонскиот репрезентативец очигледно не е задоволен што не успеа да направи трансфер ова лето. 

Сезонава после 5 кола, има само 10 минути одиграно за Глазгов Ренџерс. Еднаш остана на клупа, а три пати не беше ниту повикан.

Минатата сезона ја заврши со 41 настап и 13 гола на сите натпреварувања, но никогаш не го врати блесокот кој го имаше во дресот на Абердин. Не помина добро ниту во Жирона.

Останува да се види дали сам ќе се избори за нова средина во некоја лига каде сè уште не е завршен преодниот рок.

Овој месец го чека и новата сезона во Лига на нации. Македонија на 26-ти ја пречекува Швајцарија, а на 29-ти гостува против Словенија.

7 септември 2026 - 08:54