- Максел извади нов Вокмен за да не дремат тажно сите касети што сме ги собирале низ децениите. Новото е што се полни на УСБ-Ц и освен 3,5 милиметарски влез за слушалки, има и блутут конекција.
- Со полна батерија работи 11 саати, а за да се наполни му требаат 2. Веќе се продава и чини околу 80 долари.
- Вокмен бе!
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.
- Со векови, филозофи и писатели ја дебатираат смислата на убавината. Платон славно ја поврзувал убавината со моралната вистина - опишува „скала на љубовта“, каде физичката привлечност е само првиот чекор кон повисоко размислување за совршената, апстрактна Убавина сама по себе. Во ова гледиште, убавината не е нешто што корумпира, туку нешто што возвишува - може да ја води душата кон добрина и доблест.
- Во современиот дискурс, оваа тензија често се разгледува преку концептот на pretty privilege (привилегија на убавината). Истражувањата во социјалната психологија го потврдуваат она што е познато како „хало ефект“: тенденцијата да се претпостави дека физички привлечните луѓе поседуваат и други позитивни особини, како интелигенција, добрина и компетентност.
- Убавината функционира и како предност и како товар. Привлечните луѓе може да имаат социјални придобивки, но истовремено се изложени на стереотипи, многу повеќе критика или дури и незадоволство од околината. Жените, особено, често се наоѓаат во оваа противречност: наградени се за својот изглед, но истовремено се судени или ограничени токму поради него.