Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Off Café › Набрзинка

Казна за убавината: Невидливото страдање на исклучително убавите жени

31 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со векови, филозофи и писатели ја дебатираат смислата на убавината. Платон славно ја поврзувал убавината со моралната вистина - опишува „скала на љубовта“, каде физичката привлечност е само првиот чекор кон повисоко размислување за совршената, апстрактна Убавина сама по себе. Во ова гледиште, убавината не е нешто што корумпира, туку нешто што возвишува - може да ја води душата кон добрина и доблест.
  • Во современиот дискурс, оваа тензија често се разгледува преку концептот на pretty privilege (привилегија на убавината). Истражувањата во социјалната психологија го потврдуваат она што е познато како „хало ефект“: тенденцијата да се претпостави дека физички привлечните луѓе поседуваат и други позитивни особини, како интелигенција, добрина и компетентност.
  • Убавината функционира и како предност и како товар. Привлечните луѓе може да имаат социјални придобивки, но истовремено се изложени на стереотипи, многу повеќе критика или дури и незадоволство од околината. Жените, особено, често се наоѓаат во оваа противречност: наградени се за својот изглед, но истовремено се судени или ограничени токму поради него.
извор

ТикТок, Ендру Тејт и по некоја шега не се вистинската мизогинија

30 August 2026
  • Share
  • Post
  • Во есеј за Спајкд, Џорџина Мамфорд расправа дека политичарите се премногу фокусирани на културолошка, или онлајн мизогинија - како Ендру Тејт, мажосферата, токсичната машкост или сексистичкиот јазик на социјалните мрежи - а никако да се справат со реално насилство против жени и девојки.
  • Појавата ја нарекува митска мизогинија - нејасни културолошки ставови што тешко се мерат, а се наоѓа наспроти материјалната мизогинија што и тоа како ја има - силување, сексуални напади, семејно насилство, убиства за чест, итн. Главниот аргумент е дека владините кампањи и часовите во школо нема значајно да го намалат сериозното насилство ако полицијата и судовите не ги гонат злосторниците и не ги заштитат жртвите.
  • Со една реченица, доста ги третираме ТикТок, Ендру Тејт и сексистичките шеги како главниот проблем со мизогинијата - вниманието треба дасе насочи кон реално, постоечко насилство и на институционалната нефункционалност што го дозволува.
извор

Загубената уметност на бивање инвентар во кафич

14 August 2026
  • Share
  • Post
  • На Есквајер се појави еден шармантен текст, за едно добро што го губиме - да одиш каде што те знаат, а тие околу тебе навидум да немаат врска со тебе. А имаат, паметиме многу добро.
  • „Во Гертруд запознав група на луѓе што може никогаш не би ги видел надвор од ѕидовите на ресторанот. Заедница во најбазична смисла - не е дома, не е работа и не мора да значи дека е приватна, но е искуство што радо го бирам. Во време кога постојано, можеби потсвесно сами го бираме нашиот светоглед и алгоритам во хипер-персонализирани меури, да запознаеш некој што не е на твоја возраст, што не плаќа исти даноци како тебе, што не живее во истиот дел од интернетот како тебе - тоа ни е потребно сега повеќе од кога и да е.“
  • Дали онлајн резервациите, хајпот на социјалните мрежи, долгите редици и апликациите за испорака на храна отсекогаш до толку нè изолирале едни од други?

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Off Café
1

Американците ни го признаа ќ-то

Разно
2

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Македонштина
3

И за ова ли треба упатство???

Македонштина
4

Летечкиот килим не е спорен

Забава
5

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

6

Шахтата поправена

Македонштина
7

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
8

Џокерот на Ренџерс во 91-ва минута се вика Бојан Миовски

Фудбал
1

Не се сите сериски убијци исти

2

Медитацијата има и темна страна

3

Јајниците не „затвораат“ - добиваат нова улога

4

Скриениот товар на современата жена: Менопаузата денес има поинаква тежина

5

15 причини да престанеме да ги идеализираме 1990-те?

6

Зошто толку многу млади мажи се откажуваат од (барање) работа?

7

Пропаста на лажната империја на браќата Тејт

8

ТикТок, Ендру Тејт и по некоја шега не се вистинската мизогинија

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Шахтата поправена

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Македонштина

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Балканштина

Материјал за љубовен филм

Македонштина

Немојте и колата да ви ја донесе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Една песна, желби рој

Македонската естрада, од времето кога се сакаа

Субвенција, моја и твоја

Битка за името

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy