
Откако го уапсија во тесни панталончиња до над глужд и мокасинки на босо, поранешниот кикбоксер, а сегашен крал на глупата „мажосфера“ изрази незадоволство од затворот во кој го држат поради обвиненија за силување и трговија со секс. Исто така го теретат за поседување непристојни фотографии од дете и екстремна порнографија.

За потсетување, освен општата мизогина реторика, Тејт тврдеше и дека жените припаѓаат дома, дека жртвите на силување „имаат некоја вина“ што се нападнати и дека депресијата не постои. На Икс има 11 милиони следачи, но забрането му е да се појави на Фејсбук и Инстаграм поради говор на омраза.
„Ме држат во специјални услови, со највисоко ниво на обезбедување што постои. Не смеам ништо да примам. Не смее посети. Немам контакт со надворешниот свет. До мене има канибал што вреска по цели ноќи.“

Меѓу луѓето на кои око не им трепна да го сожалат после години трескање глупости на интернет, се вклучи и актерката Кристина Ричи со
„Веќе ми е подобро, фала!“
Кристина Ричи веќе си ја знаат на интернет дека доаѓа да стави капаче кога најмалку ја очекуваш. Еднаш на пример, една жена напиша дека „само дебели жени гласаат за демократи“, па Ричи ѝ одговори: „Послаба сум од тебе“.
Но, она што е најсмешно во целава ситуација е автоматската community забелешка на самиот сајт:

Или,
„Објавување на социјалните мрежи е контакт со надворешниот свет.“
Исто и:
