Амазон го откачи „Конан“ заради токсична машкост

Од Амазон имале шанса да добијат своја „Игра на тронови“ преку „Конан варваринот“ и ја изгубиле затоа што директорката решила дека приказната ѝ е претоксична во однос на претставувањето на машкоста. Во „Конан“.

Проектот отиде кај Нетфликс заради главната на студиото, Џенифер Салк, бидејќи сакале во однос на овој жанр (фантазија) да се обратат до што е можно поширока публика - и семејства и возрасни. За фемили-делот им се погодиле „Господар на прстените“, а „Конан“ требало да ја привлече зрелата публика, но не стигнал да влезе.

„Конан варваринот“ е всушност стрипот кој жанрот со мечеви и волшебништво го доближи до американската стрип-публика. Во 2018 најавиле дека ќе го преземе Амазон, но сега веќе се знае дека Нетфликс го работи. Амазон дури и го ангажирале Рајан Кондал кој веќе има работено на „Игра на тронови“, но неговата верзија сега нема да може да се види. Фановите бар можат да најдат утеха во фактот што Нетфликс не видел токсично-машки проблеми, па според некои извештаи веќе работи на приказната, и тоа не само филмска, туку и анимирани варијанти. Во однос на тоа што може да се очекува, од Фандомвајр коментираат дека може да влезе во „пријателско“ ривалство со The Witcher, што е сосема поинаков правец од она што го знаевме до сега со Шварценегер.

26 септември 2022 - 13:07