Парижанките ладно го откачија Клавикулар

Клавикулар е еден од „столбовите“ на онаа глупава „мажосфера“ каде што се создаваат заедници составени исклучиво од мажи што мразат жени и ги сметаат за инфериорни суштества. Е па, отишол Клавикулар во Париз и на своја кожа почувствувал што значи да си инфериорно суштество.

Прво и левите и десните медиуми во Франција се горди на парижанките на кои инфлуенсерот, чие вистинско име е Брејден Питерс, се обидел да им пријде и или му викале „не“ што и да ги прашал, или го сечеле муабетот и се извинувале.

Патем, Клавикулар е човекот зад looksmaxxing, односно, да си поставиш за цел да изгледаш што е можно подобро и помоќно - да се доведеш физички до позитивен максимум, да речеме. Ова вака звучи одлично - сите треба да се трудиме да бидеме фит, ама овој тип обрнуваше внимание и на убавина, која мислеше дека ќе ја постигне, пазете,

чукајќи се
со ЧЕКАН
по лице.

Ете за каков човек разговараме.

Одеднаш, не само француските медиуми, туку и ние сме горди на парижанките.

Види и: Во „мажосферата“ не им е ни забавно веќе

26 јуни 2026 - 10:59