
Терминот се појави на социјалните мрежи околу 2023 година и означува долго, намерно туширање во кое не се прави само основната хигиена, туку цел ритуал: миење коса, пилинг, бричење, маски, нега на скалп, нега на кожа, масла, ароматерапија, па дури и музика.
Звучи претерано, ама не е само до „чистење“. Истражувањата покажуваат дека долгото туширање со топла вода може да помогне во намалување на стресот и да го стави телото во состојба на смирување, делумно преку хормонални реакции поврзани со чувство на сигурност и удобност. Со други зборови, топлината и ритамот на водата му сигнализираат на нервниот систем дека може да спушти гард, па токму затоа и имаме работа со „тренд“ што не е само естетски.

На ТикТок како и обично мислат дека откриле нешто ново, ама ај да се потсетиме - спа центри, бањи, амами? Дури и домашни рутини имаме, каде што важното е дека се внимава да се истера нешто од почеток, преку средина, до крај. Психолошки, ефектот е прилично едноставен - долгото туширање ја намалува надворешната стимулација. Нема нотификации, нема одлуки што бараат внимание, нема мултитаскинг, туку повторливи сензации: топлина, вода, мирис, допир.
Како и со секој интернет тренд, и тука брзо се појавуваат листи, чекори, рутини и „правилен начин“. Колку производи, во кој редослед, што пред што, што никако не смее да се заборави, што е промашување на суштината затоа што создава стрес, а реално рутината е успешна само ако тебе ти е арно.