Пред неколку дена, локалните власти во Крим прогласија вонредна состојба по неколкунеделните континуирани украински воздушни напади. Операциите на Киев за изолирање на Крим ја наруши транспортната, воената и енергетската инфраструктура во областа, оставајќи ги жителите во недостиг на гориво и постојани прекини на струјата.
Луѓето сè почесто се жалат на неподготвеноста на надлежните.
Само по себе ова е резил за Кремљ зашто наместо почеток на туристичка сезона, луѓе почнаа да бегаат од територијата што Москва се обиде да ја прикаже како безбедна.
Полуостровот има длабоко лично и политичко значење за Путин: тој отсекогаш тврдел дека Крим е неразделен дел од Русија и дека подарувањето на Украина во 1954 година било историска неправда која морала да биде исправена.
Руската анексија на полуостровот во 2014 година го зголеми неговиот рејтинг, поттикна бран патриотски жар и се чувствуваше како почеток на враќање на статусот на Русија како голема сила.
Крим одигра клучна стратешка улога во актуелната војна, како база од која руските сили ја започнаа својата офанзива во 2022 година на југот на Украина. Губењето на Крим би бил катастрофален воен и политички удар за Путин и неговиот легитимитет.
Во сегашната констелација, тоа сепак е невозможна мисија за Киев. Затоа, целта на последните украински напади е да се натера Москва да седне на преговори. Или барем да се стишаат руските генерали кои во последно време беа премногу оптимистички во врска со развојот на ситуацијата во Донбас. Зеленски отворено се радуваше што Русија е принудена да ги прераспореди системите за воздушна одбрана во Москва и Крим, на сметка на слабеење на другите сектори од заземените територии.
Контролата над Крим е клучна за прекин на снабдувањето од и во Одеса и пристапот до Азовското Море. Киев би сакал целосно да го изолира полуостровот и систематски да ја оштети критичната инфраструктура, со што создава услови за опсада за жителите. Мостот, моќен симбол на интеграцијата на Крим во Русија, веќе е привремено затворен.
Од анексијата на Катерина Велика во 1783 година до анексијата на Путин повеќе од два века подоцна, полуостровот е од толкаво стратешко значење што, според поранешниот командант на американската армија за Европа, Бен Хоџис, која и страна да го контролира Крим, таа ја добива оваа војна.
Украина сака да покаже дека иако Русија може да го поседува Крим, тоа не е исто што и да го контролира, пишува Бетани Елиот.