Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почнува 24-тото издание на „Синедејс“ посветено на Дејвид Линч

1 December 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Дваесет и четвртото издание на Фестивалот на европски филм Синедејс почнува на 3 декември и ќе трае до 10 декември. Мотото годинава е „Се гледаме на другата страна“. Ќе се прикажат над 60 филмови во осум програми, а ќе има и работилница „Маркетинг на филм“.
  • Два филма се на почетокот на фестивалот: „Тоа беше само несреќа” во режија на Џафар Панахи, кој доби Златна палма на Канскиот фестивал и „Човек лавина“ на Слободанка Рудин, за еден од најдобрите тапанари во поранешна Југославија, Драгољуб Ѓуричиќ.
  • На 4 и 5 декември, во клубот МКЦ, во рамките на СинеМјузик вечерите, ќе има специјална селекција од десетина млади европски бендови, поддржани од Лајвјуроп програмата. Влезот за концертите е бесплатен.
  • Фестивалот ќе се одвива во кино Фросина и Денсинг салата во МКЦ. Билетите ќе бидат по цена од 200 денари за сите филмови, а може да се купат онлајн на bileti.mkc.mk и на самиот влез на МКЦ.

Целата програма по денови тука

извор

Почина професор Кирил Темков

27 December 2025
  • Share
  • Post
  • На 82-годишна возраст денес, 27.12., во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела.
  • Роден е во 1943 во Кавадарци. Образованието го стекнува во Скопје и Белград. Бил ученик и асистент на хрватскиот филозоф Павао Вук-Павловиќ, кој на 64-годишна возраст станува професор по етика и естетика на Филозофскиот факултет во Скопје и ја формира Лабораторијата за естетика на катедрата за филозофија - активност која проф. Темков ја продолжи по пензионирањето на својот ментор. 
  • Автор е на повеќе книги, меѓу кои: Основите на еден нов Универзитет (1975), Панорама на естетичките идеи од втората половина на 20-тиот век (1981), Етика за младите (1999, 2001) Луј Армстронг - Сачмо (2000), Историја на џезот (2002), Џез - естетика и антропологија (2017), како и на учебници од областа на етиката за гимназиското и средно образование. 
извор

Промоција на „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети

19 December 2025
  • Share
  • Post
  • На 20 декември (сабота), во 17 часот во кафе барот „Вудсток“ ќе се промовира романот за деца и млади „Илина и тајните на Бабин Заб“ од Хана Корнети.
  • Романот е објавен во издание на „Или-Или“, во едицијата „И ете приказна“. По „Илина и шумските тролови“ авторката, на радост на верните читатели, во втората книга од најавената трилогија нѐ запознава со новите авантури на паметната, хумористична и шармантна Илина и нејзините пријатели.
  • За книгата на промоцијата ќе зборуваат нејзините први и верни читатели: Ивана Марковска Доковска, Каја Атанасова Ѓорѓиева и Јован Стаменов.

Букбокс читанка за претходната „Илина и шуските тролови“ тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Вечерва сите сме Македонци!

Разно
2

Македонска Боса нова

Разно
3

Атлетик: „Во НБА има многу супер ѕвезди ама ниеден не е ни близу Јокиќ“

Кошарка
4

Ако нешто нè гневи...

Балканштина
5

Вештачки интелигентно ѓубре го преплавува Јутјуб

Интернет
6

Почина Брижит Бардо

7

Автомобил за „не по ова време“

Возила
8

СДСМ ќе го исклучува Јован Деспотовски

1

Кога се искачаше по подруми

Bookbox
2

10 божикни песни кои биле забранети

Bookbox
3

Почина професор Кирил Темков

4

Не се 5 сетила туку 33

Bookbox
5

Електричниот накит и заборавениот гениј што го осветлил Париз

Bookbox
6

Приказната за „дивото дете од Аверон“

Bookbox
7

Сарма од која ви се плаче

Bookbox
8

Најдобрите книги за 2025 година

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Македонштина

Ние си најдовме, вие мислете му ја

Македонштина

Ѓорче Петров, отворена општина

Балканштина

Киноа никако пред солфеж

Балканштина

Знаете ли зошто во мартини се става маслинка а во ракија не?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Гола битка за рамноправност

Самурајски поздрав за земјата на која ѝ го сменија името

Чкаља во нашите срца

Денко Малески - Прилагодливио

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy