Bookbox

Памела Хариман има навистина интересна биографија. Се смета за „најголемата куртизана на својата ера“, а децении по нејзината смрт за неа се уште има поделени мислења - дали била многу лукав играч на светската политичка сцена или само бесрамно алчна за пари и слава. Можеби двете?

Се викале Виктори Вертикал и биле пијана произведени од Стенвеј специјално за американската армија. Имале и посебна, транспортна кутија која ги штитела од оштетувања. Целта била преку музика да се крева моралот на војската, и во тоа овие инструменти сигурно помогнале. 

За што воопшто служат оние цитати на почетокот на книгите?

Би требало да сигнализираат нешто во врска со она што следи - инспирација, лично „вјерују“, можеби цитат кој заменува посвета за оној што разбира зошто тој е таму. Сето ова, и многу повеќе, е тема на постојани дискусии за тн. епиграфи во познатите книги. 

„Не остана ли ништо свето?“: спортскиот скандал што ја тресе Британија

Можеби мислите дека има врска со фудбал. Или со тенис, коњски трки, бокс. Не, оваа приказна за актуелна контроверзна победа на домашно првенство има врска со - челичен костен!

Дали конечно ќе ги слушнеме предупредувањата од гласна музика?

Како што глобално расте бројот на случаи на тинитус (зуење во ушите), така стануваат сè популарни затки за уши, како и барањата за стишување на музиката на јавни настапи. ПА НЕ МОРА СÈ ДА Е ГЛАСНО!

Отвори ми бело Ленче тоа кимоното

Има така некои изрази од бизнис сленгот кои се живописни, но не и секогаш пријатни. Од „го собра кајмакот" и „го насамари" во нашиот предкапиталистички фолклор, до посовремените „бандаш сум периодов", „го лапнаа тендерот" и „нè закла". Метафорите од оваа област во Јапонија се посуптилни, дури и еротски. Ако се воопшто јапонски.

Што (и колку многу) чита Брус Спрингстин?

Од Чехов до Бертранд Расел, списокот на тоа што чита Брус делува импресивно, особено земајќи ја предвид неговата искрена изјава дека почнал да се интересира за книги кога имал 28-29 години. Од целиот муабет омилена изјава ни е: „Читам многу за космологија и разумно количество филозофија.“ Ретко е човек да налета на начитан, а сепак разумен човек. 

Костимот што го посакувавте: секси докторка на науки

Кон следнава тема имаме контрадикторни чувства. Од една страна стварно е глупо да продаваш „костим за жена-доктор на науки" кој повеќе личи на сатенска пижама во која на ладново сигурно настинуваш, освен ако не се покриеш со тоа дипломчето. Од друга страна, кога друг пат се нашле „докторка на науки", „секси" и „дарлинг" во иста реченица?

„Г-дин Никој" (2009)

„Зошто сум јас јас, а не некој друг?" е едно од прашањата кои ни ги поставува филмов. Но многу потешкото е - дали кога би го знаеле одговорот би биле задоволни од oна што сме станале?

Архитектура во служба на човекот: капелата „Ротко“

Не дека водиме статистика за процентуалната застапеност на различните уметности во рубрикава, но сè почесто имаме потреба виртуелно да се насладуваме на убави архитектонски зданија, бегајќи од нашата урбанистичка реалност. Но, овој објект е повеќе од само градба, тoa е и место за муабет со самите нас. Како на пример кога постирате коментар на Фејсбук, ама посмирено. 

„Анархија“: интерактивна политичка серија на француската државна телевизија

Реално телевизиско шоу на France 4, кое ја комбинира фикцијата со учество на публиката во креирањето на содржината, која и тоа како има врска со актуелните состојби во политиката. „Анархија" е благ збор за она што може да се случи ако нешто слично се направи на некоја од нашите телевизии.

Имаме ли Сократ меѓу нас?

Додека нашите учебници ги образуваат младите како да бидат лојални граѓани без свои слободи (меѓу другото и без онаа оваа дефиниција да се спори), во други контексти тие се воспитуваат според методот на еден антички филозоф кој покажал ултимативната нелојалност - ги терал граѓаните на Атина да мислат. Не дека баш му се исплатело.

Италијански говор на телото

Не сте совладале некој јазик доколку не ги научите и невербалните гестови кои го придружуваат. Еве едно корисно видео за сите оние кои се обидуваат да го сторат тоа со италијанскиот. Презентери: симпатични млади манекени од Долче и Габана, со артикулиран говор на тело. 

Скандал со новото издание на речникот на шпански јазик

Најстариот и најавторитативниот речник на шпанскиот јазик деновиве предизвика скандал. Причина: поврзувањето на една етничка група со нивна наводна карактерна особина. Како стојат работите во врска со ова во нашиот?

Рамка која ви го следи погледот

Знаете она кога некоја слика толку ви се допаѓа (или напротив, ве вознемирува) што ви се чини дека ве следи каде и да одите? Епа оваа рамка го овозможува токму тоа - таа физички да оди во чекор со вас.

Што е тоа „скајвинг“?

Не е само збор, туку цел концепт, кој за чудо е познат и во други, подисциплинирани средини од нашата. Значи ескивирање од работни должности со неоправдани отсуства, рано напуштање на работното место или генерално забушавање. Има и книги на темата, кои се всушност прирачници како најдобро да го правите ова. 

Кој беше Митар Суботиќ?

На 2. ноември се навршуваат 15 години од прераното заминување на музичарот кој се потпишуваше со псевдонимот Rex Ilusivii, или кралот на илузиите. И навистина, неговата продуцентска и композиторска работа беше и визионерска, и магионичарска.

Хајдегер и парчето двопек

Дали некогаш сте се почувствувале како ракче во врел зејтин или како парче скршен двопек? Тогаш ова клипче за егзистенцијализмот на Хајдегер е всушност за вас. 

„Момчештво" (Boyhood, 2014)

За што се раскажува во овој филм? За едно момче. И тоа не би било ама баш ништо посебно, доколку не сте сведок на неговото реално растење, и тоа за 12 години во текот на три часа.

Расказ на Том Хенкс објавен во „Њујоркер“

Том Хенкс глуми, режира, продуцира, но сега и официјално се вклучува во еснафот на прозни пишувачи - негов расказ е објавен во најновиот број на престижно списание, каде би сакале да се најдат голем број негови филмско-книжевни колеги.

Што е толку чудно што Закерберг прозборе кинески?

Oсновачот на Фејсбук оваа недела учествуваше на дискусија на Универзитетот Цигнуа во Пекинг, oдговарајќи на прашањата на - кинески. Медиумите паднаа во несвест, а и на прво слушање навистина звучи импресивно. Но што е тоа што толку изненадува?

„Легендата за 1900" (1998)

Спојот на перото на Алесандро Барико и режисерскиот фат на Торнаторе не може да даде лош филм. Она што може да се случи е да се остане на површината на толкувањето на благо мелодраматичната приказна. И тука ептен да се утне.

Што е тоа „сонично брендирање“?

„Соничен бум: како звукот го менува начинот на кој мислиме, чувствуваме и купуваме" е нова книга на автор кој смета дека живееме во златното доба на звукот, и дека на композиторите им стојат на располагање неверојатни можности да го одредат тонот на човечките искуства.

„Хемингврајт“ и други алатки за пишување на раат

Во продолжение на нашата серија написи посветена на комбинирањето на механичките направи за пишување и нивните современи еквиваленти, еве уште две такви. Нивната цел: да направат додека пишувате да се забавувате, ама и да бидете ефикасни.

Интервју: Димитар Башевски

Во Букбокс сме испочитувале ред странски и домашни автори, ама никогаш сопствениот татко. Сега има и повод - утре (среда) во 20 часот во Магор ќе се одржи промоција на неговата нова книга „Мајсторот". 

Како да бидеш (не)лојален?

Имаме така статии што си ги чуваме „за некогаш", чувствувајќи дека ќе им дојде времето. Откако ја прочитавме дефиницијата на „лојален граѓанин" во овој наш учебник за тн. „Граѓанско образование" ни текна на оваа - серија фотографии која се подбива со оние кои слепо следат правила и прописи, плашејќи се да не бидат прогласени за девијантни.

Автобиографија и нов албум на Били Ајдол

Коцкаста насмевка, светло сино око и самобендисано презиме - сето тоа добро му стои на Били Ајдол, кој ја раскажува својата приказна во автобиографијата „Играјќи со себеси" која беше објавена на 7. октомври. Утре пак (21.10) излегува неговиот прв албум во последниве девет години, aко не го сметаме чудниот Божикен од 2006.  

„Разговор со учениците“ од Игор Довезенски

Дури и од боречки вештини да знаете само некого прекорно да го погледнете (па и тоа неефикасно), прави впечаток кога некој кој во Македонија се занимава со нив одлучил да напише и самиот да издаде книга од 250 страници на оваа тема. 

Подароци за љубители на интерпункција (или начин некого да потсетите да ја користи)

Ампресанд како столна лампа? Ако сте по интерпункциските знаци и пишаниот јазик воопшто, или познавате таков и сакате да го израдувате, еве подароци на таа тема.