Белетристика
Антони Доер (Anthony Doerr), роден 1973, е американски автор со само два романа, од кој едниот сега добива Пулицер. Книгата се вика „Сета светлина што не можеме да ја видиме"(All the Light We Cannot See), а се однесува на судбината на слепо шестгодишно девојче во Франција пред и за време на Втората светска војна. Нејзиниот татко е чувар на клучевите на Природонаучниот музеј во Париз, а ќерка си ја забавува со измислување загатки и правење минијатури, како улици и куќи во Париз, за таа со користење на прстите наместо на очите да може полесно да се движи низ градот. Целата окупација таа ја минува со читање на браево писмо на Верн и Дарвин, додека татко ѝ заради неговиот талент за дешифрирање е испратен од нацистите во училиште во кое се обучува елитен кадар за Третиот рајх. Жирито коешто ја доделува наградата од 10,000 долари е едногласно дека книгата на Доер е „имагинативна, напишана во кратки, елегантни поглавја кои ја истражуваат човечката природа и контрадикторната моќ на технологијата".
Генерална небелетристика (General Nonfiction)
Добитничка на Пулицер во оваа категорија е Елизабет Колберт за книгата „Шестото истребување: неприродна историја". Таа ги покрива минатите масовни истребувања на ивотински и други видови на земјата, и покажува дека во моментов се наоѓаме среде шесто масовно истребување на флората и фауната, од панамските дождовни шуми, Андите, до градината на авторката. Таа проценува дека до крајот на овој век ќе исчезнат помеѓу 20-50% од сегашните живи видови на планетата.
Музика
„Полиња со антрацит" на Џулија Вулф е делото добитник во оваа категорија. Тоа според жирито е моќен ораториум за хор и секстет кој се однесува на животот на копачите на јаглен на почетокот на 20 век. Едночасовното дело било нарачано од Менделсоновиот клуб од Филаделфија, каде се одржала и светската премиера. Вулф е член на музичкиот колектив Bang on a Can кој има традиција од повеќе од дваесет години, и таа е втор композитор од оваа група автори кои добиваат Пулицер. За работата на ораториумот таа поминала цела година во истражување и интервјуирање на рударите и нивните семејства. Извадок од „Полиња со антрацит" тука - се работи за делот посветен на жените на рударите, кои додека тие биле во јамите се грижеле за семејствата и одгледувале цвеќиња.
Останатите добитници (поезија, драма, биографија..) тука