„Лоцирана во Њујорк во седумдесетите, серијата ќе го истражува музичкиот бизнис полн дрога и секс, времето кога се појави панкот и диско музиката, сето тоа низ очите на еден директор на дискографска куќа, кој се обидува да ја оживее неговата етикета и да го пронајде следниот нов звук".
Вака е опишана новата серија чија прва сезона ќе се состои од девет едночасовни епизоди. Скросезе освен со Џегер повторно ќе соработува и со Теренс Винтер, креаторот на Broadwalk Empire, која Скросезе исто така ја продуцираше за ХБО. Исто како во тој случај, тој и сега ќе ја режира пилот-епизодата.
Главниот лик, Ричи Финестра (го игра Боби Канавале), е сопственик на American Century Records, со „уво" за пронаоѓање нови таленти. Неговата жена, поранешна глумица/манекенка, ја игра Оливија Вајлд. Уште неколку ликови звучат како излезени од некаква рокенрол мафија.
Голем број од музичарите на кои се однесува филмот веќе не се меѓу живите, што од нуспојавите на рокенролот, што од старост. Вчера почина саксофонистот кој свиреше на голем број песни на Стоунси, Боби Кис (Bobby Keys), без чиј инструмент не можеа да се замислат голем број нивни песни. Тој поминал повеќе од 40 години на тури и снимајќи со групата, а соработувал и со Џон Ленон, Џо Кокер и Би Би Кинг. Ако сево ова не ве импресионира, ова сигурно ќе ви го смени мислењето - Кис едно време бил исфрлен од Ролинг Стоунси, токму во 1970-тите, заради - „прекумерно забавување"!
„Загубив најголем пријател на светот и не можам да ја опишам тагата, иако Боби би ми рекол да се развеселам", изјавил Кит Ричардс, бекрија без рок на траење.
Браун Шугар во живо, и саксофонот на Кис: