„Дали е тоа риба во твоето уво?: преводот и значењето на сè" од Дејвид Белос, преведувач и професор на Принстон, ја истражува мистеријата на тоа како разбираме што кажува некој, служејќи се со преводот како алатка.
Тој - преводот - е парадоксална работа: од една страна ни покажува дека сите сме различни, зборуваме различни јазици и го разбираме светот на начини кои се длабоко повлијаени од карактеристиките на јазикот кој го зборуваме. Но истовремено, тој ни покажува колку сме сите ние слични - од биолошките факти до препознавањето на истите чувства кај говорители на различни јазици. Без овие две основни претпоставки (различноста и, истовремено, истоста) преводот едноставно не би бил можен. Еве некои интересни примери за ова, од книжевниот трејлер (исто ко филмски, ама за книги) на книгата на Белос.